Свет
Родителите во Јужна Африка револтирани поради одвојувањето на бели и црни деца во градинка
Наставничката во Јужноафриканската Република беше суспендиранa „без одлагање” по скандалот што го предизвика фотографијата со бели и црни ученици кои седеа на одделни маси во градинка во Јоханесбург.
Белите ученици, кои се во мнозинство во оваа градинка, се фотографирани на голема маса, и црни ученици на посебна мала маса во аголот на училницата. Фотографијата беше испратена до родителите на вацап-групата за да бидат во тек со тоа како децата го поминале првиот ден од наставата.
Фотографиите, се разбира, создаваат непријатни асоцијации на темниот период на апартхејдот во Јужноафриканската Република, кој заврши во 1994 година.
Viral race row picture only captured a single moment – Laerskool #SchweizerReneke | @kaveels https://t.co/loh72bvrRB pic.twitter.com/7FMkLYLjaA
— News24 (@News24) January 10, 2019
Министерот за образование Село Лехар во провинцијата Норт Вест рече дека „остро го осудува” овој инцидент и дека наставничката е суспендирана „до крајот на истрагата”.
Тој, исто така, откри дека учениците на возраст од 4 до 5 години „се разделени врз основа на тоа кој го разбира англискиот, а кој африканскиот”.
Училишната управа, исто така, го коментираше случајот тврдејќи дека контроверзната фотографија фатила само еден момент во училницата и не била вистински одраз на политиката на градинка.
Во жестоката дебата околу овој скандал на социјалните мрежи некои објавија други фотографии каде што децата седат и играат заедно, како доказ дека, сепак, не се сегрегирани со раса и дека фотографијата е тенденциозно искористена.
NOTE: Looks like the viral pic yesterday of black kids being seated away from white kids DID NOT tell the whole story.
The pic was taken at a specific moment and out of context because the kids rotated in groups throughout the period.
More pics below give context pic.twitter.com/Nvo1e2yAcA
— Phil Mphela (@PhilMphela) January 10, 2019
Сепак, мајката на црно дете изјави за „Тајмс“ дека директорот им кажал на родителите, откако некои од нив се жалеле на поделбата на црните и белите деца, дека ќе „ги среди работите” и дека неколку часа подоцна добиле нови фотографии на кои две црни деца се префрлени на маса со бели деца.
Во четвртокот пред училиштето се собраа демонстранти, од кои многумина го поддржуваат опозицискиот ЕФФ, објавија локалните медиуми. Некои бели родители, поради страв од нереди, ги повлекоа своите деца од училиште, а според извештаите на очевидец, некои родители дојдоа вооружени на училиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Свет
(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат
Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што фрли неколку метри нов снег во Сиера во последните денови.
Лавината се случи во 11:30 часот наутро во близина на Касл Пик во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо, и затрупа група скијачи.
Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки. Скијачите завршувале тридневно патување со водич. Во групата имало 11 од нив и тие престојувале во колиби на надморска височина од 2300 метри.
Сиера Невада добива повеќе од 9 метри снег во типична зима, што ја прави едно од најснежните места на западната хемисфера. Во текот на изминатите десет години, лавините во САД убиле просечно 27 луѓе годишно, според Центарот за лавини во Колорадо.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.

