Свет
Ројтерс: Трамп „разбива“ и на вториот ден од НАТО-самитот
Претседателот на САД, Доналд Трамп, продолжи да ги напаѓа земјите членки на ЕУ поради трошоците и трговијата на вториот ден од НАТО-самитот во Брисел. Побарана беше затворена седница.
Како што велат извори за агенцијата „Ројтерс“, кога другите членки на НАТО виделе каде водат нештата, земјите партнери на НАТО, кои не се членки на алијансата, Украина и Грузија, биле замолени да ја напуштат седницата, која потоа продолжила зад затворени врати.
Инаку, како што претходно пренесоа агенциите, на вториот ден од самитот Трамп доцнел половина час, а пред да влезе со низа твитови ги нападна членовите на сојузот.
Трамп напиша дека претседателите со години неуспешно се обидуваат од Германија и другите богати НАТО-членки да добијат повеќе за да се заштитат од Русија.
Проектот за гасоводот што доаѓа од Русија, како што истакна Трамп, е неприфатлив бидејќи „не смее да им се дадат милијарди долари на земји од кои се обидувате да се заштитите“.
Американскиот претседател побара од земјите членки на НАТО да го исполнат ветувањето и да трошат два процента од БДП, што би требало да се зголеми и до четири проценти. Американскиот претседател зазеде агресивен тон на самитот доведувајќи ја во прашање вредноста на воениот сојуз, што со децении ја дефинира американската надворешна политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски бара конкретни чекори против Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците на Украина да му дадат поддршка на Киев и да и покажат на Русија дека војната е бесмислена, пред клучниот самит на Европската унија на кој треба да се разговара за замрзнатите средства на Русија.
„Исходот од овие состаноци – исходот за Европа – мора да биде таков што Русија ќе почувствува дека нејзината желба да продолжи со борбите следната година ќе биде бесмислена бидејќи Украина ќе има поддршка“, рече Зеленски во своето вечерашно обраќање.
Тој ги повика украинските партнери да донесат одлука за користење на речиси 250 милијарди долари замрзнати руски државни средства во Европската унија, од кои повеќето се чуваат во белгискиот Euroclear, за поддршка на заем за Украина.
Владите на ЕУ минатата недела се согласија да ги задржат средствата замрзнати до понатамошно известување, наместо да гласаат на секои шест месеци дали да го продолжат статусот.
Некои европски лидери се спротивставија на планот, плашејќи се дека тоа би можело да претставува правни ризици за нив.
„Ни треба сите наши партнери да имаат храброст да ја видат вистината, да ја признаат вистината и да дејствуваат соодветно“, рече Зеленски. Тој додаде дека постапките на Русија покажуваат дека таа има намера да продолжи да се бори следната година.
„Сојузниците во Соединетите Американски Држави често велат дека се чини дека Русија сака да ја заврши војната. Но, Русија испраќа сосема поинаква реторика и сигнали, вклучително и официјални наредби до својата војска“, рече Зеленски.
фото/депозитфотос
Свет
Макрон: Франција ќе се спротивстави на наметнувањето увоз од јужноамериканските земји
Францускиот претседател Емануел Макрон денес го предупреди Брисел против финализирање на договорот за слободна трговија со јужноамериканските земји поради противењето од француската влада и земјоделците.
„Доколку европските власти имаат намера да го наметнат, Франција ќе се спротивстави многу силно“, рече Макрон на состанокот на кабинетот во Париз, според портпаролката на владата Мод Брежон.
Владата јасно стави до знаење во текот на викендот дека не сака земјите од ЕУ наскоро да гласаат за договорот со земјите од Меркосур, кој го сочинуваат Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај. Протестите на земјоделците против договорот од Меркосур и справувањето на владата со епидемијата на добиток се шират во Франција.
Со околу 19 милиони животни, Франција е најголемиот производител на говедско месо во Европа.
„Доколку договорот со Меркосур се потпише на крајот од неделата, тоа природно би довело до многу посилни протести“, изјави Арно Русо, претседател на чадор организацијата на француските земјоделски здруженија (FNSEA), за телевизијата Франс Интер.
Европската унија и Меркосур постигнаа политички договор пред една година за договор за слободна трговија, кој е во процес на преговори веќе 25 години.
Евентуалното отворање на пазарот на ЕУ за производите на Меркосур наиде на отпор во Европа, првенствено во земјоделскиот сектор, а во октомври Европската комисија предложи заштитни мерки за европските земјоделци кои треба да ги решат нивните загрижености и противење на трговскиот договор.
фото/депозитфотос
Свет
Путин ги нарече европските лидери свињи: „Нема цивилизација во Европа, само распаѓање“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека Русија ќе ги постигне своите цели во Украина со дипломатски или воени средства и дека ќе се стреми да ја прошири безбедносната тампон-зона во таа земја.
„Прво, целите на специјалната воена операција несомнено ќе бидат постигнати. Ние би претпочитале да го решиме ова, како и основните причини за конфликтот, преку дипломатија“, рече Путин.
„Доколку спротивставената страна и нејзините странски спонзори одбијат да учествуваат во важни дискусии, Русија ќе постигне ослободување на својата историска територија со воени средства. Задачата за создавање и проширување на безбедносната тампон-зона исто така ќе биде доследно разгледувана“, рече тој.
Од украинските региони што ги смета за своја територија, Русија моментално ги контролира Крим, околу 90% од регионот Донбас и 75% од Херсон и Запорожје. Покрај тоа, Русија држи дел од територијата во соседните региони Харков, Суми, Днепропетровск и Николаев.
Путин рече дека Европејците се индоктринираат со страв од војна со Русија и ги обвини европските лидери за поттикнување хистерија.
„Постојано повторував: ова е лага, глупост, чиста глупост за некоја имагинарна руска закана за европските земји. Но, ова секако се прави намерно“, рече тој.
Путин нагласи дека Русија не се стреми да влезе во војна со Европа, но е подготвена за војна ако Европа го сака тоа.
Путин тврдеше дека претходната американска администрација „намерно ја насочила ситуацијата кон вооружен конфликт“, додавајќи дека Вашингтон верувал дека Русија може да биде ослабена или дури и уништена за краток временски период.
Потоа тој остро ги критикуваше европските лидери, обвинувајќи ги дека се приклучиле на администрацијата на Џо Бајден.
„Европските масли свињи (оригинално little pigs) веднаш се приклучија на бизнисот на претходната американска администрација, надевајќи се дека ќе профитираат од колапсот на нашата земја, ќе вратат нешто што е изгубено во претходните историски периоди и ќе се одмаздат“, рече Путин.
„Во Европа нема цивилизација, има само деградација“, рече Путин.
Фото/депозитфотос

