Свет
„Ројтерс“: Шведската полиција дозволи да се пали Куранот пред џамија во Стокхолм
Шведската полиција дозволи денеска да се одржи мал протест пред џамијата во Стокхолм, на кој организаторите ќе го искинат Куранот и ќе го запалат, што може дополнително да го комплицира обидот на Шведска за влез во НАТО, пишува „Ројтерс“.
Серијата протести во Шведска против исламот и за правата на Курдите ги зголемија тензиите со Турција, чија поддршка Шведска треба да добие за да се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор.
Претходно, шведската полиција одби неколку барања за протести против Куранот, но судовите ги укинаа тие одлуки тврдејќи дека ја нарушуваат заштитената слобода на говорот.
Полицијата објави дека иако тоа „може да има надворешнополитички последици“, безбедносните ризици и последици поврзани со палењето на Куранот не се од таква природа што барањето треба да се одбие.
Според полицијата во Стокхолм, на протестите се очекува да учествуваат само две лица, вклучително и организаторот Салван Момика, кој во едно неодамнешно интервју за весник се опиша себеси како ирачки бегалец, кој сака да го забрани Куранот.
На крајот на јануари Турција ги прекина преговорите со Шведска за аплицирање за членство во НАТО откако Расмус Палудан, шеф на данската екстремно десничарска политичка партија, запали копија од Куранот во близина на турската амбасада во Стокхолм.
Палудан да не учествува на денешниот протест.
Неколку арапски земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Јордан и Кувајт, го осудија палењето на Куранот во јануари. Турската амбасада во Стокхолм не беше достапна за коментар.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави претходно денеска дека неговата земја сè уште сака да се приклучи на НАТО пред или на самитот во Вилнус следниот месец, иако не е сигурно дека дотогаш ќе може да го направи тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко
Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.
„Нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија веќе втор ден“, рече Зеленски.
Украинската војска претходно соопшти дека руските сили се задржани во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија објави дека зазела пет локални населби.
Ситуацијата, рече Зеленски, е особено напната во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровское, кај селата Семенивка и Нетаилова.
Зеленски додаде дека попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден.
Свет
Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш не ја исклучи можноста за интервенција на француската армија во Украина, но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да испраќа свои војници во војна.
Како што пренесува „Украинска правда“, Емануел Макрон рече дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина, но тој најискрено се надева дека нема да мора да се борат.
„Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа треба да се вооружиме и затоа треба да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата безбедност, тогаш јас не исклучувам интервенци во конфликтот“, рече Макрон.
Тој нагласи дека украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет се под закана, но истовремено владеењето на правото и општите правила се под закана.
„И ако оставиме сè како што е во Украина, тогаш ќе победи правото на посилниот. И не можеме да бидеме сигурни бидејќи тоа се случува на 1.500 километри. Значи, во Украина нашата иднина и нашата безбедност се во прашање“, заклучи францускиот претседател.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.