Контакт

Свет

Русинка преживеала пад од 10-ти кат во обид да направи селфи

Објавено пред

Русинка доби тешки телесни повреди, но, зачудувачки, преживеа пад од висина од 30 метри, а трагедијата со среќен исход се случила додека се обидувала да направи селфи на ризична локација, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во сибирскиот град Тјумен доцна во саботата. Идентитетот на девојката и нејзината возраст не се откриени за јавноста и нема официјален извештај за околностите или причините за несреќата.

Сепак, една страница на социјалната мрежа „Вконтакте“, која се фокусира на инциденти во Тјумен, пишува, цитирајќи очевидци, дека девојката се обидувала да направи селфи на ризична локација. Други тврдат дека група момчиња ја држеле девојката, потоа ја пуштиле. Останува нејасно дали девојката висела на надворешната страна од зградата или се лизнала од прозорец.

Желбата да се направи кул снимка во универзалната потрага по лајкови на интернет може да биде опасна – па дури и фатална. Една неодамнешна студија за смртни случаи поврзани со правење селфи покажа дека Индија е на прво место со речиси 160 случаи за шест години. Русија, пак, е на второ место со 14 загинати додека правеле селфи.

Свет

Деца починаа од предизвик на „Тик ток“, родителите ја тужат социјалната мрежа

Објавено пред

Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа „Тик ток“ поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар со предизвик на социјалната мрежа.

dobivaj vesti na viber

Родителите тврдат дека нивните деца на возраст од 12 до 14 години починале додека учествувале во „предизвикот онесвестување“, кој стана популарен на социјалната мрежа во 2021 година, јави Гардијан.

Правниот центар за жртви на социјалните медиуми со седиште во САД пред два дена поднесе тужба во име на родителите против „Тик ток“ и нејзината кинеска матична компанија.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Најверојатно ќе се сретнам со Зеленски следната недела

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот план за Појасот Газа, според кој САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија што ќе биде испразнета од нејзините жители за да може повторно да се изгради, не бара „брзање“.

dobivaj vesti na viber

„Апсолутно нема брзање“, рече американскиот претседател.

Тој вчера изјави дека Газа „ќе биде предадена на САД од Израел на крајот на борбите“. Дотогаш, Палестинците „веќе ќе бидат преселени“ на друго место во регионот, особено во Египет или Јордан.

Двете земји ја отфрлија таквата опција, што исто така предизвика меѓународни критики, со предупредување од ОН дека тоа може да биде „етничко чистење“. Тоа беше жестоко отфрлено и од Хамас и од палестинската управа на Западниот Брег.

Во денешното кратко обраќање пред новинарите во Овалната соба, Трамп исто така рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела.

„Веројатно ќе се видиме следната недела“, рече тој.

Повтори дека има намера да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин. За време на неговата кампања, Трамп вети дека веднаш ќе стави крај на војната во Украина по неговото враќање на власт.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Подготвен сум за договор со САД за ретките метали

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев е подготвен да постигне договор со американскиот претседател Доналд Трамп за тоа Украина да ги снабдува САД со ретки метали во замена за финансиска поддршка во конфликтот против Русија.

dobivaj vesti na viber

Ако зборуваме за договор, ајде да направиме договор, ние сме за тоа, рече Зеленски во рзговор со Ројтерс.

Тој нагласи дека Украина треба да добие безбедносни гаранции од сојузниците како дел од секој договор.

Зеленски рече дека помалку од 20 отсто од минералните ресурси на Украина се под руска окупација, вклучително и околу половина од нејзините наоѓалишта.

„Треба да го запреме Путин и да го заштитиме она што го имаме, многу богатиот регион Днепар, централна Украина“, рече Зеленски.

Ретките земјени метали се важни за производство на магнети со високи перформанси, батерии за електрични мотори, како и електроника за широка потрошувачка, забележува агенцијата.

Зеленски рече дека Русија може да ги обезбеди овие ресурси на своите сојузници, имено Северна Кореја и Иран.

За време на интервјуто, Зеленски ја отвори картата на Украина на која се прикажани наоѓалиштата на овие метали, истакнувајќи дека Украина ги има најголемите европски резерви на титаниум, неопходни за воздухопловната и вселенската индустрија, како и ураниум, кој се користи за нуклеарна енергија и оружје.

Според таа карта, околу половина од наоѓалиштата се на руската страна на сегашните линии на фронтот, при што многу од наоѓалиштата на титаниум се наоѓаат на северозападот на земјата, далеку од борбите.

Украинскиот претседател нагласи дека Киев не предлага „подарок“ на ресурси, туку нуди „заемно корисно партнерство“.
Зеленски, исто така, рече дека Русија детално знае каде се клучните ресурси на Украина благодарение на геолошките истражувања од советската ера, кои беа префрлени во Москва кога Украина се отцепи од Советскиот Сојуз.

Тој изјави дека Киев и Вашингтон разговараат за складирање на американскиот течен нафтен гас (ТНГ) во складиштата во Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Деца починаа од предизвик на „Тик ток“, родителите ја тужат социјалната мрежа

Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа „Тик ток“ поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар...

Македонија17 часа

Васил доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело, соопштија од Апелација

Апелациониот суд во Скопје на нејавна седница ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде...

Македонија17 часа

Медиумите имаат право да објавуваат информации поврзани со јавни личности, особено ако тие се релевантни за јавноста, велат од АЗЛП за разрешената директорка на „Козле“

Директорката на Клиниката за белодрбони и респираторни заболувања кај децата „Козле“, д-р Каролина Симоновска, претходно испрати соопштение до медиумите со кое...

Македонија18 часа

Сите дојави за бомби, без исклучок, се лажни, тоа се очекувани хибридни напади, ќе има нови протоколи за МВР и за училиштата, вели Мицкоски

Полицијата и училиштата до крајот на денот ќе добијат нови насоки за постапување по дојави за бомби откога утрово многу...

Македонија19 часа

Филков: На сторителите што трет пат ќе се најдат на суд за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол ќе им биде одземена возачката дозвола

Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на...

Македонија21 час

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани...

Скопје22 часа

МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни...

Македонија22 часа

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12 години затвор,...

Македонија23 часа

Обвинение против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен...

Скопје23 часа

Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби

По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и...

Регион24 часа

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа1 ден

Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа1 ден

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет1 ден

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...

Македонија1 ден

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија2 дена

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија2 дена

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија2 дена

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија2 дена

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ2 дена

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...