Свет
Русите од Донбас во солзи – не гранатираат секој ден, нашите деца плачат
Русите се евакуираат од Донбас.
“Не сакам да одам. Но со оваа ситуација – имаме војна, гранатирање, нашите кутри деца исто така плачат, се грижат”, вели една мајка со солзи во очите.
“Имам две деца, решив да се евакуирам со нив. Бидејќи е многу тешко, не гранатираат секој ден, дење и ноќе”, објаснила таа.
Потсетуваме дека лидерот на ДНР Денис Пушилин на 18 февруари изјави дека украинските војници се подготвени за офанзива во Донбас.
Лидерите на ДНР и ЛНР најавија почеток на привремена масовна евакуација на населението во Русија. Жените, децата и постарите првенствено се евакуирани.
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со францускиот лидер Емануел Макрон изјави дека причина за ескалацијата на ситуацијата во Донбас се провокациите на украинските безбедносни сили, соопшти денеска Кремљ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.