Свет
Русија бара свикување итна седница на Советот за безбедност на ОН за „Северен тек“
Русија ќе побара свикување состанок на Советот за безбедност на ОН за истекувањето на гасот откриено на гасоводите „Северен тек 1 и 2“ откако го повика претседателот на САД, Џо Бајден, да каже дали тие се одговорни за саботажата, објави руската дипломатија.
„Русија има намера да свика официјална седница на Советот за безбедност на ОН по провокациите поврзани со гасоводите ‘Северен тек 1 и 2’“, објави на „Телеграм“ портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова.
Руската дипломатија претходно побара одговори од Џо Бајден за причината за истекувањето во Балтичкото Море.
„Американскиот претседател мора да одговори дали САД ја извршија својата закана“, напиша таа на „Телеграм“ осврнувајќи се на изјавата на Бајден на почетокот на февруари дека Вашингтон ќе го укине „Северен тек 2“ доколку Москва воено интервенира во Украина.
„Ако Русија ја окупира (Украина), нема да има повеќе ‘Северен тек 2’“, рече Џо Бајден на 7 февруари, две недели пред руската офанзива.
Европската Унија најави одлучен одговор на „секое намерно нарушување на европската енергетска инфраструктура“.
Поради истекување гас, сѐ послаби се изгледите за неизбежно обновување на руските испораки во Европа.
Поправка на оштетениот гасовод „Северен тек 1“ е една од опциите по процената на штетата, рече операторот во средата, при што аналитичарите посочуваат дека гасот од Русија може да стигне и до Европа преку преостанатиот неоштетен гасовод.
Операторот на гасоводот „Северен тек“ сака да ја утврди штетата што е можно побргу, односно штом владите ја укинат забраната за пристап до зоната на истекување гас, рече портпаролот.
Тој одби да даде детали за можните трошоци и кој ќе ги сноси.
Портпаролот на компанијата „Северен тек 2“, Улрих Лисек, изјави дека „во моментот никој не може сериозно да каже каква е ситуацијата таму долу“, но дека „структурниот интегритет на гасоводот секако е многу нарушен“.
Истражувањето или поправката на гасоводот на компанијата, најверојатно, ќе биде попречено бидејќи од почетокот на годината е под американски санкции.
Аналитичарите, од друга страна, сметаат дека рускиот гас, сепак, би можел да пристигне во Европа преку гасоводот „Северен тек 2“ со капацитет од 27,5 милијарди кубни метри гас годишно.
Алексеј Гривач од Фондот за национална енергетска безбедност со седиште во Москва рече дека гасоводот сè уште треба да се тестира и дека сè уште е под оперативен притисок.
„Ако работите се решат, може да функционира под услов да има дозвола од регулаторот“, рече Гривач.
Со неговата оценка се согласува Игор Галактинов од брокерската куќа BCS Mir Investitsiy.
„Судејќи според јавно достапните информации, една линија остана неоштетена. Теоретски, доколку се донесе политичка одлука и се постави опрема за преработка на гас, можно е снабдување преку тој приклучок“, вели Игор Галактинов.
„Газпром“ не одговори на барањето да ги коментира тие процени.
Европа почна истрага за истекување големо количество гас од два руски гасовода во Балтичкото Море. Шведска, Германија и Данска шпекулираат дека се работи за саботажа, но не наведуваат кој стои зад тоа.
Германија го блокира проектот за гасоводот „Северен тек 2“, кој требаше да ги удвои испораките на руски гас откога Русија официјално призна два отцепени региона во источна Украина, само два дена пред почетокот на нејзината инвазија на соседната земја.
Гасоводот оди речиси паралелно со „Северен тек 1“. Неговата изградба почна во 2011 година и беше завршена во септември 2021 година, но гасоводот никогаш не профункционира.
Германската мрежна агенција ја прекина процедурата за сертификација во ноември минатата година со образложение дека операторот мора да биде регистриран во Германија, а не во Швајцарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

