Свет
Русија го забранува пристапот до делови во Црното Море

Од вечерва Русија го затвора пристапот до одредени делови во Црното Море за странски воени бродови и државни пловни објекти, се вели во билтенот на Управата за навигација и океанографија на Министерството за одбрана на Русија.
Ограничувањето ќе биде на сила од 21 часот на 24 април до 21 часот на 31 октомври годинава.
Во тој временски период, ќе бидат затворени три региони во Црното Море – дел од водната површина по должината на брегот помеѓу Севастопол и Гурзуф, регионот близу крајбрежјето на Керчкиот полусотров, покрај природниот резерват Опукски и помала област близу западниот дел на Крим.
Како што истакнува Министерството за одбрана на Русија, сите тие зони се наоѓаат во територијалните води на Русија, а нивното затворање нема да ја попречува навигацијата низ Керчката теснина.
Одлуката на Русија предизвика гнев во Киев и западните земји. Украинското Министерство за надворешни работи протестираше до Москва, а НАТО ја повика Русија да обезбеди слобода за навигација и да обезбеди пристап до украинските пристаништа.
На 22 април руските војници одржаа воени вежби на полигонот „Опук“ на Крим, како дел од ненадејната проверка на борбената готовност. Бродовите на Црноморската флота и дел од вооружените сили излегоа во морскиот регион каде што се одржуваа вежбите, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што беше претходно најавено, Русија воведе привремено ограничување на летовите над делови на Крим и Црното Море од 20 до 24 април, а сега го затвори и преминот низ нејзините територијални води за странски воени бродови и други државни пловни објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Разни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека 20-ина проектили биле лансирани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави израелски воен претставник за Би-би-си, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле отворени области.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад, кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на многубројни цели во Израел, со што почна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација