Свет
Русија: Затвор за оние коишто не ги почитуваат „владините претставници” на интернет

Рускиот парламент воведе нови строги закони за интернетот, со кои им се дозволува на властите да ги затворат или да ги казнат сите оние кои шират лажни вести или не ги почитуваат владините претставници на интернет, пренесува Си-ен-ен.
Според предложените закони кои чекаат на конечна потврда од претседателот Владимир Путин, луѓето ќе можат да бидат кривично гонети поради ширење на ,,непристојни” објави во кои се искажува непочитување кон општеството, државата и државните симболи на Руската Федерација, како и за владините службеници, како на пример за Путин.
За такви и слични прекршоци, Русите можат да се соочат со 15 дена административен притвор.
Оние кои што ќе објавуваат лажни вести можат да бидат санкционирани со парични казни од 45 и 75 долари, а правните лица се соочуваат со многу повисоки казни во износ од 15.000 долари.
Усвојувањето на новиот закон доаѓа во пресрет на митингор против цензура во медумите што ќе се одржи в недела во Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кремљ: Трамп се обидува да ги разбере причините за конфликтот

Кремљ денеска ја пофали администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за обидот да ги разбере основните причини на конфликтот во Украина и да го прекине, што, како што се наведува, е во спротивност со пристапот на Европа.
Овие изјави се меѓу најјасните признанија на Кремљ дека има голема промена во американската политика кон војната откако Трамп ја презеде функцијата пред пет недели.
Поништувајќи ги тригодишните напори на САД да ја казнат и изолираат Москва под администрацијата на Џо Бајден, Трамп брзо се фокусираше на поправка на односите со рускиот претседател Владимир Путин и поддржа делови од наративот на Кремљ за конфликтот.
Минатата недела Трамп го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор“.
Запрашан за изјавите на Трамп за Зеленски и Бајден, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека самата администрација на Трамп објавила дека го менува својот пристап кон Русија.
„Тоа е она што го поздравуваме и поддржуваме. Тоа е првата работа. Второ, се надеваме дека Вашингтон целосно ќе ги анализира основните причини за украинскиот конфликт – тоа е всушност она на што се обидовме да ги натераме нашите противници во Европа да обрнат внимание, што тие секогаш одбиваа да го прават, исто како и претходната администрација во Вашингтон“, рече Песков.
Русија тврди дека била принудена да ја започне војната за да ги заштити оние кои говорат руски јазик во Украина и да обезбеди Украина да не се приклучи на НАТО. Украина и Западот велат дека ова биле само изговори за грабеж на земјиште во колонијален стил.
„Без длабока анализа и разбирање на основните причини за конфликтот во Украина, во суштина е невозможно правилно да се работи на (мировно) решение. И тука ги гледаме обидите на Вашингтон вистински да разбере што го предизвика овој конфликт и се надеваме дека оваа анализа ќе помогне во напорите во контекст на решавање на конфликтот“, рече Песков.
Од друга страна, Песков тврди дека во овој момент нема основа Русија да го обнови дијалогот со европските земји кои денеска воведоа уште еден пакет санкции кон Москва, вклучително и забрана за увоз на алуминиум. Песков ги опиша санкциите како „целосно предвидливи“.
Кремљ нагласи дека сака да најде решение за конфликтот во Украина преку разговори со САД, обвинувајќи ја Европа дека сака да ги продолжи непријателствата, во услови на зближување меѓу Русија и САД, што доведе до тоа Доналд Трамп да заземе попомирлива позиција кон Москва.
„Европејците продолжуваат по патот (…) на нивното убедување за неопходноста од продолжување на војната. Ова убедување на Европејците е во целосна спротивност со желбата да се најде решение за Украина, што во моментов го правиме со Американците“, додаде Песков на третата годишнина од рускиот напад врз соседната земја.
Свет
Се судрија два автобуса во Германија, има многу повредени

Во судир на два автобуса на јавниот превоз во градот Сарбрикен во западна Германија повредени се многу луѓе, меѓу кои и деца, соопшти полицијата.
Сè уште не е познат точниот број на повредени, ниту околностите.
Несреќата се случила околу 9 часот. На местото пристигнале полиција и брза помош.
Распореден е и спасувачки хеликоптер.
Свет
Зеленски: Мојот услов за преговори со Путин е размена на сите воени заробеници

Целосната размена на воени заробеници со Русија би можела да претставува почеток на завршување на војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот во Киев, каде што присуствуват многубројни министри и претставници на ЕУ на тригодишнината од војната во Украина.
Имаше 60 размени на затвореници меѓу Украина и Русија од почетокот на војната, вклучително и една во декември кога беа разменети стотици затвореници.
„Тоа е фер и праведна опција“, рече Зеленски истакнувајќи дека илјадници Украинци сè уште се во руските затвори – некои од нив од руската анексија на Крим во 2014 година.
„Илјадници – илјадници луѓе се приведени во Русија“, нагласи тој.
„Русија мора да ги ослободи Украинците. Украина е подготвена да ги размени сите, а тоа е фер договор“.
Иако Украина не објавува официјални податоци за своите воени заробеници во Русија, се проценува дека ги има повеќе од 8.000.
„Мирот не може, едноставно, да се прогласи преку ноќ. Путин нема да ни даде мир, ниту ќе ни го понуди во замена за нешто. Мораме да извојуваме мир со сила, мудрост и единство, преку соработка со вас (лидерите на самитот)“, рече Зеленски.
Тој заклучи дека траен мир може да се постигне само ако Украина добие цврсти безбедносни гаранции.
Минатата недела Русија рече дека нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како дел од каков било мировен договор.