Свет
Русија и се заканува на Америка поради историска одлука: Ова ќе заврши со понижувачко фијаско
Русија денеска соопшти дека поддршката на американските претставници за нова помош за Украина во износ од 60,84 милијарди американски долари покажува дека Вашингтон тоне се подлабоко во хибридна војна против Москва која ќе заврши со понижување како во Виетнам или Авганистан.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека е јасно дека САД сакаат Украина „да се бори до последниот Украинец“, вклучително и напади врз руска суверена територија и цивили.
„Подлабокото и подлабоко вклучување на Вашингтон во хибридната војна против Русија ќе се претвори во гласно и понижувачко фијаско за САД како Виетнам или Авганистан“, рече Захарова.
Русија „безусловно и решително ќе одговори“ на американската одлука да се вклучи повеќе во украинската војна, додаде таа. Заменик рускиот амбасадор во ОН Дмитриј Пољански изјави дека „нема што да се слави“.
Тој напиша дека војната ќе продолжи и дека „повеќе пари ќе завршат во џебовите на луѓето, ќе се украде повеќе оружје и десетици илјади Украинци ќе завршат во мелница за месо“. Тој додаде дека поразот на Украина е „неизбежен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

