Свет
Русија: Неприфатлив е условот да ја повлечеме војската од Украина за да преговараме

Русија соопшти дека го отфрла барањето на Западот за целосно повлекување од Украина како дел од преговорите за завршување на војната.
Вчера, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека претседателот Владимир Путин останува отворен за разговори, но oти барањето на Западот, Москва прво да ги повлече своите трупи од Украина, е неприфатливо.
Изјавата на Песков се случи додека Путин разговараше по телефон со германскиот канцелар, Олаф Шолц во петокот наутро.
Кабинетот на Шолц соопшти дека тој јасно му ставил до знаење на Путин „дека мора да има дипломатско решение што е можно поскоро, кое вклучува повлекување на руските трупи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Монструмот од Авињон“ повторно на суд: ќерката решила да го тужи татко си за употреба на дрога и сексуална злоупотреба

Ќерката на осудениот француски силувач Доминик Пелико, познат како „Монструмот од Авињон“, поднесе тужба против нејзиниот татко, обвинувајќи го дека ја дрогирал и сексуално ја злоставувал, неколку месеци откако беше осуден на затвор за дрогирање и силување на нејзината мајка Жизел Пелико.
Каролин Даријан (46) рече дека верува дека нејзиниот татко ја седнувал и сексуално ја нападнал или силувал во можен период од десет години, помеѓу 2010 и 2020 година, кога таа имала триесет години. Таа рече дека поднела правна пријава за сексуална злоупотреба до обвинителството „како порака до сите жртви дека никогаш не смеат да се откажат“.
Жизел Пелико минатата година стана хероина затоа што инсистираше на јавно судење за нејзиниот поранешен сопруг. Тој беше осуден на 20 години затвор за дрогирање и силување, како и за поканување на десетици мажи да ја силуваат додека таа била во несвест во нивниот дом на југот на Франција, за време на нивниот речиси децениски брак.
Вкупно 50 мажи, меѓу кои медицински техничар, војник, новинар и затворски чувар, беа осудени за силување, обид за силување или сексуален напад, откако Доминик Пелико контактирал со мажи преку Интернет и ги повикал да ја силуваат неговата дрогирана сопруга.
Меѓу деталните записи кои Пелико ги водел имало и слики од неговата ќерка Каролин Даријан, гола или делумно гола. Таа пред судот изјави дека на двете фотографии била онесвестена на креветот, облечена во долна облека која не ја препознава како своја, во поза во која никогаш не спие. Таа изјавила дека е сигурна дека била дрогирана и веројатно злоставувана.
Доминик Пелико беше осуден за непристојни фотографии на Каролин Даријан кои ја нарушуваа нејзината приватност, но тој не беше обвинет за дрогирање, силување или сексуално злоставување на неговата ќерка.
На судењето тој постојано тврдеше дека „никогаш не ја допирал“ својата ќерка. Таа во судницата му рекла: „Знам дека ме малтретираше, немаш храброст да го признаеш тоа“.
Даријан за агенцијата Франс прес изјави: „Да, тој негираше, но исто така неколку пати лажеше и даде различни верзии на приказната во текот на две и полгодишната истрага“.
Таа рече дека првичната истрага не и давала приоритет на нејзиниот случај или соодветно ги решавала нејзините наводи за употреба на дрога и сексуална злоупотреба. Таа тврдеше дека не била подложена на токсиколошки или гинеколошки тестови од експерти.
Нејзиниот адвокат, Флоранс Ролт, оваа недела рече дека наводите мора да бидат истражени „сериозно и темелно“.
Беатриса Заваро, адвокатката на Доминик Пелико, изјави за BFMTV дека тужбата не е изненадување бидејќи Даријан веќе изнесе обвиненија на судењето.
Заваро додаде дека државниот обвинител пред минатогодишното судење изјавил дека нема доволно докази за да се покрене постапка против Пелико по тие обвиненија.
Свет
Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција е директно засегната од настаните во регионот додека се развива конкуренцијата на светските сили и рече дека Турција го нема луксузот тоа да го гледа од трибините, пренесува Anadolu.
„Мораме да бидеме подготвени за сите сценарија и да управуваме со настаните во нашиот регион на начин што ќе биде од корист за нашата земја“, рече Ердоган во обраќањето за ифтар во претседателскиот комплекс во Анкара.
Осврнувајќи се на враќањето на Сиријците во нивната земја, Ердоган рече дека Турција го направи она што е правилно, морално и совесно во соседна Сирија.
Тој додаде дека од падот на режимот на Башар ал Асад, 133.000 Сиријци доброволно се вратиле од Турција во Сирија.
Тој укажа и на решителните напори на Турција во борбата против тероризмот.
„Турција е поблиску од кога било до трајно, конечно ослободување на нацијата од тероризмот, кој 40 години ја експлоатираше крвта и ресурсите на луѓето“, заклучи Ердоган.
Свет
Келог: Не можам да гарантирам продолжување на помошта за Украина, ќе одлучи Трамп

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, денеска изјави дека не може да гарантира дека Вашингтон ќе продолжи да го снабдува Киев со оружје дури и ако Украина го прифати договорот за минерали и дека оваа одлука е на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека украинската страна била запознаена дека средбата во Овалната соба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде фокусирана на склучување договор за минерали, пренесува АП.
Келог оцени дека средбата „тргнала во погрешна насока“ кога Зеленски наводно се обидел да го убеди Трамп да застане на страната на Киев.
Зеленски, кој инсистираше на тоа дека на Украина и се потребни безбедносни гаранции пред прекинот на огнот со Русија, подоцна рече дека е подготвен да го потпише договорот.
Сепак, Келог рече дека не може да гарантира продолжување на испораката на оружје дури и ако Зеленски го прифати договорот и дека Трамп ќе ја донесе таа одлука.
Келог истакна дека една од причините за суспензијата на американската помош е токму влијанието што таа би го имала врз Украина, а целта, според пратеникот, била Киев да разбере дека Трамп е сериозен за постигнување мир.
Тој посочи дека Украина треба сериозно да размисли за потпишување договор за минерали со САД.
„Кога економски се поврзувате со некого, не ми е гајле дали се работи за франшиза за хамбургери од Мекдоналдс или за благородни метали, вие се инвестирате дипломатски, воено, економски во иднината на оваа земја. И тоа е она што ние се обидуваме да го објасниме“, рече Келог.
Келог рече дека безбедносните гаранции не вклучуваат само испраќање војници и дека нема да има понатамошна дискусија за ова прашање додека не се потпише договор за ова прашање, пренесува Гардијан.
Трамп и Зеленски разменија остри зборови за ситуацијата во Украина, кога Трамп го обвини украинскиот претседател дека е неблагодарен за помошта што неговата земја ја добива од САД и дека покажува „непочитување“, по што беше одложено потпишувањето на договорот за ретки минерали на Украина, што беше најавено.
По неуспешната средба, американскиот претседател изјави дека Зеленски „не бил подготвен за мир“ и дека може да се врати во Белата куќа на разговори кога ќе биде подготвен, пренесува Танјуг.