Свет
Русија: Обединетите нации тајно ја забраниле поддршката за Сирија
Русија го обвини Западот дека се обидува да го опструира враќањето на сириските бегалци во земјите и да го блокира процесот на Обединетите нации (ОН) во реконструкција на државата.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави денеска дека Секретаријатот на Обединетите нации тајно забранил учество во обновата на сириската економија, пренесе ТАСС.
Тој наведе дека упатиле прашање до Унеско како планира да ги реализира претходните договори за користењето на потенцијалот на организацијата за обнова на Палмира.
„Судејќи по објаснувањето што го добивме од организацијата за тоа зошто уште не можат да бидат реализирани, сфативме дека постои одредена директива од седиштето на Обединетите нации во Њујорк“, рече Лавров.
Според неговите зборови, се покажало дека политичкото одделение на Секретаријатот на ОН уште во октомври минатата година објавило и дистрибуирало тајна директива со која на организациите што влегуваат во тој систем им се забранува да учествуваат во проектите за обнова на сириската економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Роберт Фицо му честиташе на Трамп за победата, разговараа за војната во Украина
Словачкиот премиер Роберт Фицо преку телефонски разговор му ја честитал победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, од кој значаен дел е посветен на анализата на војната во Украина, соопштија од кабинетот на премиерот.
Фицо нагласи дека во Европа, а особено во Словачка, многумина се надеваат дека Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, пренесе ТАСР.
„Убеден сум дека има огромни очекувања во однос на него, не само во Словачка, туку и во цела Европа кога станува збор за воениот конфликт во Украина“, рече Фицо.
=
Регион
Убиен син на хрватски пејач во Еквадор: Го застрелале две лица на мотор, го убиле со четири куршуми
Томислав Зеленчиќ (48), хрватски државјанин, е убиен во вооружен напад во Манта, во провинцијата Манаби во Еквадор, што го прави четврта жртва во регионот во последните три дена. Зеленчиќ, кој живееше во тој град повеќе од 20 години, беше убиен во напад во вторник, на 26 ноември, во 10 часот, во близина на неговиот дом во населбата Јоцај.
Според изјавите на сведоците, жртвата се движела по тротоарот во близина на неговата куќа, а нападот го извршиле две лица на мотор. Напаѓачите, според еквадорските медиуми, испукале најмалку четири куршуми кон Томислав Зеленчиќ пред да побегнат. Тешко повредениот Хрват останал да лежи на улица во локва крв. Соседите и роднините со приватно возило го пренеле во болницата ИЕСС Манта, каде и покрај напорите на медицинскиот персонал набрзо починал. Полицијата излегла на местото на настанот за прибирање докази. Телото е пренесено во Судскиот центар Манта за понатамошна обдукција. Мотивот за нападот се уште не е познат, а властите започнале интензивна истрага за откривање на сторителите.
Јутарњи лист пишува дека Зеленчиќ е син на пејачот Инослав Ино Зеленчиќ, основач на групата Задар експрес. Пред многу години, Томислав се преселил во Панама, каде што работел на рибарски бродови, по што се преселил во Еквадор. Еквадорските медиуми објавија и дека Зеленчиќ во 2016 година поднел пријава за грабеж, кој била набрзо решен
Свет
Владејачката партија во Грузија номинира поранешен фудбалер за претседателски кандидат
Грузиската владејачка партија Грузиски сон денеска го предложи поранешниот пратеник и професионален фудбалер Михеил Кавелашвили за свој кандидат на претстојните претседателски избори закажани за 14 декември.
Кавелашвили, кој накратко играше за „Манчестер сити“ во средината на 90-тите, беше еден од основачите на фракцијата Народна Шакта, која произлезе од партијата Грузиски сон, и е познат по серијата остри антизападни изјави, објави „Ројтерс“.
Во септември тој ја опиша опозицијата како петта колона, која се обидува да го загрози мирот во Грузија под инструкции на „американската администрација и одредени сенатори“, а во јуни го обвини американскиот конгресмен дека планира „насилна револуција и украинизација на Грузија“.