Контакт

Свет

Русија распиша потерница по американскиот сенатор Линдзи Греам за русофобија

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи на Русија објави потерница за американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, пренесува „РТ Балкан“.

dobivaj vesti na viber

Кривичната постапка ја поведе претседателот на Истражниот комитет на Руската Федерација, Александар Бастрикин, поради видеото што се појави на веб-страницата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на кое Греам во разговор со украинскиот лидер вели дека САД „никогаш толку успешно не трошеле пари“ како за време на украинскиот конфликт.

„Русите умираат. Никогаш толку добро не сме трошеле пари“, рече Греам за време на состанокот.

На средбата со Зеленски, на која претседателот на Украина го пофали републиканскиот сенатор од Јужна Каролина за неговиот придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на украинската армија, Греам вели дека „смртта на Русите е најуспешното трошење на американските пари“ како дел од помошта за Украина мислејќи на 38-те милијарди долари што Американците ги издвоија за Украина од февруари минатата година, пренесе „РИА новости“.

Во обид да го одбрани американскиот сенатор „Ројтерс“ истакна дека, всушност, се работи за видеомонтажа и дека Греам, зборувајќи за помошта што Вашингтон му ја доделува на Киев, рекол дека „тоа се најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“.

Како што понатаму објави овој медиум, американскиот сенатор во вториот дел од видеото вели дека она што го прават денеска Украинците го потсетува на историјата на САД кога Американците се бореле до последен здив.

„Зеленски тогаш рече дека САД денес се слободна земја, а слободни ќе бидат и Украинците, на што Греам коментира: „И Русите умираат,“ пишува „Ројтерс“.

Официјална Москва ги осуди зборовите на Греам велејќи дека такви изјави не му прилегаат на функционер и дека се срам за една земја. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го нарече Греам „стар будала“.

Греам, од друга страна, ја нарече реакцијата на Москва пропаганда иако руската страна само го коментира видеото што го монтира, а потоа го објави Киев.

За потсетување, ова не е прва русофобна изјава на Греам, кој, коментирајќи го падот на американското беспилотно летало во Црното Море, претходно рече дека САД треба да го соборат секој руски воен авион што се приближува до американски авион во воздушниот простор над отвореното море.

Во март минатата година Греам рече дека „некој треба да го убие рускиот претседател Владимир Путин“ и на „Твитер“ праша дали во руската армија има предавник како Брут, кој би бил подготвен да го ликвидира рускиот претседател.

Свет

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник, два месеци откако Вашингтон го собори нивниот диктатор Николас Мадуро.

dobivaj vesti na viber

„Тукушто добивме над 80 милиони барели нафта од нашиот нов пријател и партнер Венецуела“, рече Трамп во обраќањето за поранешниот американски ривал. На 3 јануари, американските сили ги уапсија Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес во Каракас и ги префрлија во Њујорк, каде што се обвинети за трговија со дрога.

Венецуела оттогаш е во политички превирања. Делси Родригез, која беше потпретседателка под Мадуро, го презеде кормилото на земјата богата со нафта по интервенцијата на САД, а Трамп ја пофали во неколку наврати.

Родригез сега се смета за клучна точка за контакт на владата на САД, особено во преговорите за огромните нафтени резерви на земјата.

Прикажи повеќе...

Свет

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Објавено пред

Тим од мајка и ќерка, и двете граѓански научници ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија.

dobivaj vesti na viber

Огромниот корал, пронајден на Големиот корален гребен, се протега по должината на фудбалско игралиште, објавува Си-ен-ен.

Според соопштението од организацијата за заштита „Citizens of the Reef“, коралот е долг околу 111 метри и зафаќа површина од приближно 3.973 квадратни метри. Ова го прави една од најзначајните корални структури некогаш забележани на Големиот корален гребен и претставува најголема документирана и мапирана корална колонија во светот.

Коралот беше откриен кон крајот на минатата година од Софи Калковски-Поуп, координаторка за морски операции на организацијата, и нејзината мајка, Јан Поуп, искусен нуркач и подводен фотограф. Јан Поуп нуркала на местото една недела претходно и почувствувала нешто посебно, па се вратила со својата ќерка и опрема за мерење.

„Штом скокнавме во водата, веднаш сфатив колку е значајно она што го гледаме“, рече Калковски-Поуп. Заедно, тие снимија видео од себе како пливаат низ џиновски корален гребен во форма на буквата J. „Ми требаа три минути видео само за да пливам од едната на другата страна“, додаде таа.

Големината на коралот Pavona clavus беше потврдена со рачни подводни мерења и слики со висока резолуција направени од платформа на површината на водата. Овие податоци потоа беа искористени за да се создаде точен 3D модел на коралот.

Серена Моу, истражувачки инженер во Центарот за роботика на Технолошкиот универзитет во Квинсленд, ја објасни важноста на таквото просторно моделирање. „Тоа значи дека можеме да се вратиме во месеците и годините што доаѓаат и да правиме директни споредби за да разбереме како коралот се менува со текот на времето“, рече таа.

Научниците истражуваат дали специфичните услови на локацијата – силни плимни струи и мала изложеност на тропски циклонски бранови – би можеле да бидат одговорни за постоењето на толку голема корална структура. Точната локација на коралот се чува во тајност за да се намали ризикот од случајна штета.

Прикажи повеќе...

Свет

Перуанците избираат претседател: дебатата ќе трае шест дена бидејќи има 36 кандидати

Објавено пред

Вкупно 36 кандидати за претседател на Перу ќе учествуваат во невидена телевизиска дебата што ќе се одржува во текот на шест последователни дена, објави вчера изборната комисија на јужноамериканската земја. Перуанците излегуваат на гласање на 12 април, а повеќе од 27,3 милиони гласачи ќе го изберат претседателот, 130 пратеници и 60 сенатори.

dobivaj vesti na viber

Пред изборите, поради рекордниот број кандидати, што ја одразува фрагментацијата на политичката сцена во Перу, беше воведен необичен формат за претседателската дебата, пишува Франс Прес.

12 кандидати ќе зборуваат секој ден
Дванаесет кандидати, поделени во групи од по тројца, ќе зборуваат секој ден за време на четири „мини-дебати“, објави Националната изборна комисија (JNE). Секој кандидат ќе се појави двапати во текот на шестдневните телевизиски дебати.

Анкетите моментално покажуваат дека поранешниот десничарски градоначалник на Лима, Рафаел Лопез Алиага, заостанува зад Кеико Фуџимори, уште една истакната личност на перуанската десница и ќерка на поранешниот претседател Алберто Фуџимори. Други кандидати на гласачкото ливче, долго 65 сантиметри, вклучуваат поранешен национален фудбалер, телевизиски комичар и кандидат обвинет за корупција.

Победникот на изборите ќе ја преземе функцијата на 28 јули, наследувајќи го привремениот претседател Хозе Марија Балказар, кој ја презеде функцијата минатата недела откако Хозе Хери беше отповикан. Перу е погодена од хронична политичка нестабилност од 2016 година, при што осум шефови на држави се сменија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет20 минути

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете граѓански научници ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на...

Свет31 минута

Перуанците избираат претседател: дебатата ќе трае шест дена бидејќи има 36 кандидати

Вкупно 36 кандидати за претседател на Перу ќе учествуваат во невидена телевизиска дебата што ќе се одржува во текот на...

Свет49 минути

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет54 минути

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија15 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија17 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ18 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија19 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија20 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија21 час

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа22 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија23 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија23 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија23 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет24 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет24 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа1 ден

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа1 ден

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа1 ден

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...