Свет
Русија: Руското знаме на катедралата во Солсбери е добра местенка
Руската амбасада во Обединетото Кралство во неделата го нарече инцидентот во кој беше развеано руското знаме на ѕидовите на катедралата во Солсбери како добро изведена провокација, пренесува „Спутник“.
„Ги видовме овие извештаи, но немаме официјални информации за нив. Ако извештаите за поставување на руското знаме се вистинити, тогаш сето тоа ни изгледа како добро изведена провокација”, рече портпаролот на амбасадата.
Тој, исто така, потсети дека Велика Британија не успеала да претстави никакви значајни докази за наводната руска вмешаност во инцидентот со труење во Солсбери.
„Поради оваа причина, ние го сметаме поставувањето на руското знаме на катедралата за уште еден неумешен обид да ја поврзат Русија со тажните настани што се случија во Солсбери минатиот март”, изјави портпаролот.
Претходно во неделата неидентификуван човек развеа огромно руско знаме на северниот ѕид на Соборната црква на Пресвета Богородица во Солсбери, Велика Британија. Знамето подоцна беше отстрането.
Градот и неговата историска катедрала влегоа во меѓународниот фокус откако поранешниот офицер на руската разузнавачка служба Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа затруени со нервен агенс во март 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.