Свет
Русија склучи договори за производство на својата вакцина во неколку европски земји

Русија соопшти дека потпишала договори за производство на вакцина „спутник В“ против коронавирус во неколку европски земји, објави новинската агенција „Интерфакс“.
Извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев, ја соопшти веста без да појасни за кои компании станува збор.
Според објавеното, досега, направени се договори со компании во Германија, Франција, Италија и Шпанија,
ЕМА сè уште одлучува за руската вакцина
Целта е да се обезбеди испорака на руските вакцини во европските земји откако ќе се добие одобрување во Европа. Сепак, Европската агенција за лекови (ЕМА) сè ја уште разгледува руска вакцина.
Италија пред една недела објави дека ќе го произведува „спутник В“ во Ломбардија од јули наваму.
Русија вели дека вакцината е веќе одобрена во речиси 50 земји, вклучително и Унгарија, каде производството продолжува без одобрение од ЕМА. Кремљ се пожали дека процесот на одобрување на „спутник В“ во Европа е исполитизиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шолц со трчање го започна изборниот ден во Германија

Актуелниот канцелар Олаф Шолц утрово трчајки, придружуван од чувари, го започна изборниот ден во Потсдам.
Во тој град, покрај Берлин, се наоѓа неговата изборна единица. На последните избори Шолц постигна јасен резултат. Но, сега работите би можеле да станат тесни за него и неговата Социјалдемократска партија.
Анкетите спроведени пред изборите покажаа значителен пад на поддршката од гласачите.
Европа
Путин вети помодерно оружје за руските војници

Рускиот претседател Владимир Путин денеска вети дека ќе им обезбеди на руските сили помодерно оружје и технологија, еден ден пред третата годишнина од инвазијата на Москва на Украина.
„Им благодарам на сите учесници во специјалната воена операција за нивната борбеност и одлучноста за победа“, рече Путин во видео пораката по повод одбележувањето на Денот на бранителот на татковината, еден од најважните национални празници во Русија.
Кремљ официјално ја нарекува руската инвазија на Украина „специјална воена операција“.
„Денес, среде брзите промени во светот, нашиот стратешки пат кон зајакнување и развој на вооружените сили останува непроменет“, рече Путин.
„Врз основа на искуството и барањата на бојното поле, опремувањето на војниците со ново оружје е приоритет“, додаде тој.
Путин ја даде оваа изјава пред големата прес-конференција што украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера да ја одржи денеска. Се очекува Зеленски да зборува за ситуацијата на првите борбени линии.
Конференцијата на украинскиот лидер доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп, во пресврт на американската политика, остро го критикуваше, нарекувајќи го „диктатор“ поради одложувањето на изборите поради војната што Путин ја започна на 24 февруари 2022 година.
САД беа најважниот сојузник на Украина и снабдувач со оружје кога претходникот на Трамп, Џо Бајден, беше на функција, но неодамнешните коментари на Трамп сугерираат дека САД можеби нема да продолжат да ја поддржуваат Украина.
Додека руската војска продолжува да напредува во источна Украина, независни експерти проценуваат дека се убиени најмалку 95.000 руски војници, но овие бројки не можат да се потврдат. Од почетокот на војната, Путин ја трансформираше земјата во воена економија, а одбранбената индустрија работи со полна пареа.
Европа
(Фото/Видео) Истанбул под снег

Снегот продолжува да паѓа во некои населби на Истанбул, најнаселениот град во Турција, јавува Анадолија.
Снежните врнежи кои на моменти се интензивираа, особено во северните и повисоките делови, ги зафатија познатите знаменитости на градот кој се простира на два континента.
Бидејќи е викенд, досега не се пријавени поголеми проблеми во сообраќајот.
Иако екипите работат на отстранување на снегот од главните сообраќајници, движењето на возилата е отежнато поради насобирањето снег на споредните улици.