Свет
Русија: Уништивме странско оружје во Харков

Руските сили уништија складиште за гориво во Харков со проектили, објави руската прорежимска новинска агенција РИА повикувајќи се на Министерството за одбрана.
Според Министерството, руските сили уништиле и украинска воена опрема и странско оружје на железничка станица во истиот регион.
Претходно, вицепремиерот на Украина, Ирина Верешчук, рече дека локалните власти во источна Украина ги повикуваат цивилите да се евакуираат во очекување руски напад.
Харков, вториот по големина град во Украина, претрпе значителни напади од почетокот на инвазијата принудувајќи многу жители да ги напуштат своите домови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.
Свет
Сијарто: Унгарија ќе направи се за Брисел да не го спречи руско-американскиот договор за Украина

Унгарија ќе направи се за Брисел и европските претставници „провоени“ да не го спречат руско-американскиот договор со кој би се постигнал прекин на огнот во Украина, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Тој нагласи дека Унгарија нема да се согласи на нови испораки на оружје за Украина во вредност од десетици милијарди евра или на продолжување на санкциите против руски поединци денеска на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
„Три години им пркосиме на притисокот, три години не дозволуваме да не туркаат во нивната воена политика, сега ќе издржиме“, напиша Сијарто на Фејсбук.