Свет
Русија ја блокира нацрт-резолуцијата за Либија во ООН

Русија ја блокира британска нацрт-резолуција за Либија во Обединетите нации отфрлајќи го, според дипломатите, зборот платеник во текстот, со што е малку веројатно дека Советот за безбедност ќе гласа до крајот на неделата.
„Неколку членови од резолуцијата се проблематични“, изјави рускиот амбасадор во ООН, Василиј Небензја, пред новинарите, без да наведува детали, по состанокот на Советот за безбедност, итно побаран од Москва. „Решивме да продолжиме со разговорите со другите партнери во Советот“, додаде тој.
Според документите во кои „Франс прес“ доби увид, Москва бара да се замени зборот платеник во британскиот нацрт со странски терористички борци во еден член во кој се потенцира загриженоста на Советот за безбедност поради нивното растечко присуство во Либија.
Русија е обвинета дека учествува во организирање пристигнување илјадници платеници на приватната руска група „Вагнер“ во Либија, кои се борат за маршалот Калифа Хафтар, кој се обидува да го заземе Триполи од април, но Москва негира каква било вмешаност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп го коментираше инцидентот со авионот на Фон дер Лајен: Барем не го користеше мобилниот телефон, тоа е добро понекогаш

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го коментираше инцидентот со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој беше принуден да слета во Бугарија откако Русија наводно го попречи нејзиниот GPS сигнал, објавува РБЦ-Украина.
Трамп го коментираше настанот на свој начин. „Па, таа имаше интересен инцидент. Таа е извонредна жена“, рече тој, истакнувајќи дека никој не знае зошто GPS-от во авионот на претседателката на Европската комисија престана да работи.
„Но, ѝ ја одзедоа можноста да го користи телефонот. Понекогаш тоа е добро“, рече Трамп, додавајќи дека ако тоа му се случело, ќе бил среќен.
Медиумот потсетува дека авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изврши принудно слетување во Бугарија на 1 септември. Како причина беше наведено попречувањето на сигналот од страна на Русија, кое го наруши GPS-системот на авионот, принудувајќи го пилотот да слета користејќи хартиени мапи.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли обвинувањата, инсистирајќи дека Русија не е вмешана во инцидентот.
„Летот на кој беше Урсула фон дер Лајен емитуваше сигнал со добар квалитет од полетувањето до слетувањето“, објави во меѓувреме FlightRadar.
Фото: принтскрин
Свет
Киев за предлогот на Путин: Зеленски нема да оди во Москва

Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва е неприфатлив, соопшти денес украинската влада.
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека најмалку седум земји, вклучувајќи ги Австрија, Ватикан, Швајцарија и три земји од Заливот, се подготвени да бидат домаќини на средба меѓу Зеленски и Путин, пренесува Ројтерс.
„Ова се сериозни предлози и претседателот Зеленски е подготвен за таква средба во секое време. Сепак, Путин продолжува да ги лаже сите нудејќи очигледно неприфатливи предлози“, објави Сибиха на својот профил на мрежата Икс.
Порано денес, Путин изјави дека не ја исклучува можноста за средба со Зеленски и предложи средбата да се одржи во Москва. „Ако Зеленски е подготвен за средба, нека дојде во Москва“, рече Путин, додавајќи дека „има светлина на крајот од тунелот“, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека ако преовлада здравиот разум, тогаш може да се постигне договор за тоа како да се заврши војната во Украина на задоволителен начин.
„Во спротивен случај, ќе мора да решиме сè со воени средства“, рече Путин и додаде дека го информирал американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да се сретне со Зеленски.
Тој изјави дека е можно да се постигне прифатлива опција за завршување на војната, додавајќи дека сите обиди на Русија мирно да го реши украинското прашање се осуетени.
Тој истакна дека ја гледа искрената желба на администрацијата на Трамп да го реши украинскиот конфликт и го нарече Зеленски „вршител на должноста шеф на администрацијата на Украина“, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи средбата да се одржи во Москва.
„Ако Зеленски е подготвен за состанок, нека дојде во Москва“, рече Путин, додавајќи дека „има светлина на крајот од тунелот“, пренесува РИА Новости.
Тој рече дека ако преовлада здравиот разум, тогаш може да се постигне договор за тоа како да се заврши војната во Украина на задоволителен начин.
„Во спротивен случај, ќе мора да решиме сè со воени средства“, рече Путин и додаде дека го информирал американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да се сретне со Зеленски.
Тој рече дека е можно да се постигне прифатлива опција за завршување на војната, додавајќи дека сите обиди на Русија мирно да го реши украинското прашање се осуетени, според медиумот.
Путин истакна дека ја гледа искрената желба на администрацијата на Трамп да го реши украинскиот конфликт и го нарече Зеленски „вршител на должноста шеф на администрацијата на Украина“.
Сумирајќи ја својата посета на Кина, каде што присуствуваше на воена парада по повод Денот на победата во Втората светска војна, Путин рече дека посетата била многу позитивна и оцени дека Кина останува двигател на глобалната економија. „Во оваа смисла, особено би ја нагласил кинеската иницијатива за глобално управување. Ми се чини дека ова е многу навремено и, што е важно, оваа иницијатива е насочена кон позитивна соработка меѓу оние земји што се собраа на самитот во Кина и нашите потенцијални партнери меѓу земјите што во моментов не сакаат да го прогласат ова партнерство“, рече Путин, додавајќи дека потребата за енергетски ресурси расте, вклучително и во кинеската економија.
Зборувајќи за принципот на мултиполарност, Путин рече дека тоа не значи дека во светот се појавуваат нови хегемони, туку дека сите земји треба да имаат еднакви права.
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека, доколку е потребно, Русија е подготвена да го „подигне нивото“ на преговарачите во разговорите со Украина.
Путин не даде повеќе детали, но истакна дека е задоволен од работата на преговарачите и шефот на руската делегација, Владимир Медински, пренесува Ројтерс.
Зборувајќи за Трамп, Путин додаде дека нема подготовки за посетата на Трамп на Москва, ниту пак е познат датумот на таков настан, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин