Свет
Русија ја потврди смената на својот висок генерал задолжен за логистика
Руската армија го смени својот висок генерал задолжен за логистика пред очекуваната контраофанзива на Киев.
Соопштението уследи по неколкудневните гласини за смена на генерал-полковник Михаил Мизинцев, под британски санкции поради неговата улога во опсадата на украинскиот пристанишен град Мариупол, кој руските војници го зазедоа пред една година.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека Алексеј Кузменков – поранешен функционер на Националната гарда – го заменил Мизинцев.
„Кузменков е именуван на местото заменик министер за одбрана на Руската Федерација, одговорен за логистичка поддршка на вооружените сили“, соопшти Министерството.
Во соопштението не се наведува зошто Мизинцев е отпуштен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел ги напаѓа јужните предградија на Бејрут
Израелски воздушни напади ги погодија јужните предградија на Бејрут, при што е извршено најинтензивното бомбардирање на либанската престолнина откако Израел ја засили својата воена кампања против поддржаното од Иран – либанско шиитско движење Хезболах.
Во текот на ноќта силни експлозии одекнуваа низ различни делови на Бејрут, а небото беше осветлено со црвени и бели светла, како молњи, кои се гледаа од неколку километри.
Израелската армија соопшти дека нејзините воздушни сили извршиле „серија прецизни удари врз складишта за оружје и терористичка инфраструктура на Хезболах во реонот на Бејрут.“
Либанските власти сè уште не соопштија кои објекти биле погодени и какви штети предизвикале ракетите.
Регион
Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа
Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.
Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.
Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.
Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.