Свет
Руската амбасада ги критикуваше наградените статии на „Њујорк тајмс“ русофобни измислици
Серијата статии на „Њујорк тајмс“ во кои се критикува Русија и кои ја добија Пулицеровата награда во понеделникот, се русофобни измислици кои му штетат на угледот на весникот, напиша Руската амбасада во САД на својата страница на Фејсбук, пренесува ТАСС.
„Пред три години наградата Пулицер му беше доделена на ‘Њујорк тајмс’ за демонизација на Русија. Одборот на наградата презема голема одговорност, истакнувајќи на овој начин антируски материјали со изјави кои постојано се демантирани не само од руските власти, туку и од животот“, велат од амбасадата.
„Ако постои некаков голем ризик, како што тврдат, тоа се однесува само на угледот. Оваа серија статии за Русија на ‘Њујорк тајмс’ ја сметаме за колекција на неразблажени русофобни измислици кои можат да се изучуваат како упатство за создавање лажни факти“, посочија руските дипломати.
Според веб-страницата на Одборот за доделување на наградата Пулицер, персоналот на „Њујорк тајмс“ ја доби наградата Меѓународно известување за серијата статии за наводните незаконски дејства на Русија, напишани често под ризик.
„Њујорк тајмс“ на својата веб-страница напиша дека одборот ја доделил наградата за деталниот опис на операциите за влијание на Русија во странство во годините по нејзините напори за дезинформација на претседателските избори во САД во 2016 година.
Официјалните претставници на Русија многупати ги отфрлија овие обвиненија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

