Свет
Руската амбасада тврди дека бомбардирањето на болницата е лага, трудницата била актерка
Руската амбасада во Лондон тврди дека се одглумени сцените на бремени жени што бегаат од болницата во Мариупол која наводно била бомбардирана.
Руската амбасада на „Твитер“ објави фотографија од бремена жена која бега од болница. Покрај таа фотографија, тие објавија фотографија од истата жена како блогерка на шминка. Во придружниот текст таа беше наречена „актерката што глумеше жртва на бомбардирањето, а целата сцена беше режирана“. Наведоа и дека украинскиот пропаганден фотограф ги направил првите фотографии. Тие објавија неколку твитови со исти тврдења.

Но, твитот од руската амбасада во Лондон, во меѓувреме, беше избришан бидејќи ги прекршил правилата на „Твитер“.
„Презедовме акција против твитовите што ги спомнавте затоа што ги прекршуваат правилата на ‘Твитер’, особено нашите правила за омраза и злоупотреба во врска со негирање насилни настани“, објаснија од „Твитер“ за „Гардијан“.

Спротивно на тоа, некои од западните медиуми пишуваат дека девојката извесно време е бремена, а на повеќе нејзини фоографии на нејзиниот профил на „Твитер“ означен е Мариупол.
Руското Министерство за одбрана тврди дека не стои зад нападот и ја обвинува Украина дека е „исценирана провокација“. Се наведува дека Русија во средата не извршила воздушни напади врз копнени цели во областа поради почитување на договореното примирје.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, изјави: „Руските воздухопловни сили не извршиле апсолутно никакви копнени мисии за гаѓање во областа Мариупол. Воздушниот напад што наводно се случил е целосно исценирана провокација за одржување антируска атмосфера меѓу западната публика“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

