Свет
Руската тајна служба: Украина чува оружје од Западот во нуклеарните централи
Руската Служба за надворешно разузнавање ја обвини Украина дека складира оружје доставено од Западот во нуклеарните централи во целата земја.
Во соопштението тајната служба тврди дека ракетните фрлачи „Хирмас“ – системи за противвоздушна одбрана и артилериска муниција, испорачани од САД, биле доставени до нуклеарната централа „Ривне“ во северозападна Украина.
„Вооружените сили на Украина складираат оружје и муниција доставени од Западот на територијата на нуклеарните централи“, се вели во соопштението додавајќи дека испораката на оружје до електраната била реализирана во последната недела од декември.
Многу од нуклеарните централи во Украина се во центарот на вниманието од почетокот на конфликтот. Руските сили ја зазедоа непостојната нуклеарна централа „Чернобил“ помалку од 48 часа по инвазијата, а исто така ја освоија и нуклеарната централа „Запорожје“ – најголемата во Европа – на почетокот на војната.
И Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на „Запорожје“, а Украина вели дека Русија го користи местото како де факто складиште за оружје. Нуклеарното тело на Обединетите нации изрази сериозна загриженост поради нападот во близина на централата предупредувајќи на опасност од нуклеарна катастрофа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

