Свет
Путин во Белград со двајца двојници
Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу 6.000 полицајци и лица од безбедносните служби ќе се грижат за неговата безбедност во Белград.
Специјалците на ФСО дејствуваат во најстрога тајност, оваа агенција е позатворена дури и од ФСБ, која го наследи познатиот КГБ. Поради тоа, нејзините припадници често се нарекуваат духови, а во медиумите се појавуваат многубројни претпоставки, меѓу кои и оние дека во своите редови имаат двајца двојници на Путин.

Како што пишуваат српските медиуми, за време на посетата на првиот човек на Русија, по должината на трасата со кој ќе помине, освен униформирани полицајци, ќе бидат распоредени и 500 припадници на срспката полиција во цивили, како и 250 агенти БИА. На целата траса ќе бидат поставени и снајперисти, кои внимаваат на можните опасности за рускиот државник.
Безбедносните подготовки на рутата по која ќе поминува Путин почнаа на вчера, а полицијата издаде предупредување на станарите од околните згради да ги спуштат ролетните и да не излегуваат на терасите.

На Путин во Белград ќе биде ставен на располагање два блиндирани автомобила.
„Спутник“ пишува дека е всушност енигма колку точно специјалците се ангажирани на оваа задача, но постојат разни медиумски шпекулации, во кои се спомнува цифра од 250 руски безбедносни лица. Бројот и структурата на неговото обезбедување е строго чувана државна тајна, но она што е познато е дека Путин е еден од најдобро чуваните луѓе на планетата.
Постојат неколку прстени на неговото обезбедување, со кои се опфатени видливи и невидливи безбедносни лица, специјални и разузнавачи, т.е. специјалисти за физичка заштита, како и оние од областа на медицината, хемиското и електронското оружје и други сфери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

