Свет
Руските бродови почнаа да ги следат пловилата на НАТО во Црното Море

Бродовите на руската Црноморска флота го следат британскиот разорувач и канадската фрегата што влегоа во водите на Црното Море на 2 јули, објави во средата рускиот Центар за управување со националната одбрана, пренесува ТАСС.
„Силите и хардверот на Црноморската флота почнаа да ги следат активностите на разорувачот ХМС Данкан на британската кралска морнарица и фрегатата ХМЦС Торонто на канадските сили, кои влегоа во водите на Црното Море на 2 јули 2019 година”, се вели во соопштението.
Малиот антиподморнички брод „Касимов“ и патролниот брод „Пајтливи“ ги следат пловилата на НАТО, објасни центарот, додавајќи дека авионите на воената морнарица и крајбрежните ракетни системи „Бал“ и „Бастион“ се активирани во одредени региони. Исто така се спроведува и електронско следење.
Во моментов бродовите на НАТО учествуваат во вежбите „Морски ветер 2019“ во Црното Море. Вежбите официјално почнаа на 1 јули во западниот дел на Црното Море.
Оваа година, според прес-службата на Украинската амбасада во САД, повеќе од 3.000 лица од 19 земји учествуваат во вежбите, вклучувајќи ги и оние од САД, Обединетото Кралство и Украина. САД играат клучна улога во подготвувањето на сценариото за вежбите и нивното извршување. Вежбите ќе траат до 12 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на голем руски напад врз земјата во текот на ноќта.
„Според ажурираните податоци, досега 13 лица се повредени (вклучувајќи едно дете) и четворица починаа (вклучувајќи едно дете) како резултат на нападот врз Киев“, изјави Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Киев, на Телеграм.
Ткаченко додаде дека е предизвикана штета на неколку станбени и нестанбени згради во областите Дарницки, Свјатошински, Соломијански, Холосиевски и Днепровски, вклучувајќи го и кардиолошкиот институт. Гувернерот на регионот Киев, Микола Калашник, изјави дека најмалку 28 лица, меѓу кои и три деца, се повредени во регионот околу главниот град.
„Четири лица се хоспитализирани во регионалните болници, тројца возрасни и едно дете. Сите се хоспитализирани во умерено сериозна состојба“, додаде Калашник.
Украинските воздухопловни сили тврдат дека воздушната одбрана соборила 568 од 595 дронови, како и 43 од 48 различни видови ракети лансирани од Русија преку ноќ, а главна цел бил Киев.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди западна Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди денеска западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил во 12:59 часот по локално време и бил на длабочина од девет километри, според податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ.
Според податоците од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во областа на градот Симав во округот Ќутахија.
Земјотресот, кој бил почувствуван и во соседните области, бил на длабочина од 8,4 километри, соопшти AФАД.
Свет
Цистерни со нафта излетаа од шини на железничката пруга Ваљево – Косјериќ

Две цистерни полни со нафта синоќа излетаа од шините на железничката пруга Ваљево – Косјериќ, во близина на местото Ражана, пренесуваат локалните медиуми.
Според информациите, цистерните биле при крајот на товарниот воз што се движел кон Косјериќ. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, ниту дали имало истекување нафта од композицијата.
Локалните портали јавуваат дека екипи се на терен и се очекува официјално соопштение од надлежните органи за причините и можните последици од инцидентот.