Свет
Руските мировници ја прекинаа размената на оган на ерменско-азербејџанската граница
Руските мировници презедоа итни мерки за смирување на тензиите на ерменско-азербејџанската граница, каде што во вторникот имаше размена на оган во близина на селото Тег, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за ТАСС.
„На 11 април имаше вооружен инцидент кај селото Тег на линијата на прекин на воените дејства на ерменско-азербејџанската граница. За жал, достапните информации велат дека има жртви. Руските мировници, кои беа во областа, веднаш стапија во контакт со ерменските и азербејџанските официјални претставници и презедоа мерки за деескалација“, вели Захарова.
Таа посочи дека инцидентот уште еднаш ја потврдува потребата од воздржаност од страна на Баку и Ереван, како и строго почитување на трилатералните договори склучени од лидерите на Русија, Азербејџан и на Ерменија.
Министерствата за одбрана на Ерменија и на Азербејџан пријавија вкупно седум загинати меѓу припадниците на своите трупи во обновениот вооружен судир, пренсува Радио Слободна Европа.
Министерството за одбрана на Ерменија извести во вторникот дека четворица ерменски војници биле убиени, а шестмина биле ранети како резултат на азербејџанската провокација, додека Министерствота за одбрана на Азербејџан извести за тројца загинати во редовите на неговата армија.
Ереван и Баку повторно меѓусебно си ја префрлаат вината за предизвикување на најновиот вооружен судир.
Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските војници распоредени во полињата во близина на ерменското село Тег, во рамките на ерменската суверена територија што ја зазеле две недели претходно, отвориле оган кон ерменските војници кои вршеле инженерска работа таму.
Како што се наведува, борбите во јужната провинција Сјуник почнале попладднето и траеле најмалку еден и пол час во текот на кои Азербејџан наводно ги гранатирал ерменските позиции.
Министерството за одбрана на Азербејџан претходно ги обвини ерменските сили за провокација како резултат на која биле убиени и повредени неколку азербејџански војници.
Обновените борби следуваа по инцидентот во понеделникот во кој ерменските безбедносни сили привеле еден Азербејџанец, а трагале по друг за кој исто така се смета дека влегол во Ерменија од непознати причини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

