Свет
Руски воени сили пристигнаа во Белорусија – ќе одржат заеднички воени вежби

Руски воени сили почнаа да пристигнуваат во Белорусија, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Белорусија, пренесува државната агенција „Белта“.
Претходно денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко најави дека во февруари ќе се одржат заеднички воени вежби меѓу Русија и Белорусија, пренесува „Ројтерс“.
Лукашенко му рекол на министерот за одбрана Виктор Хренин дека со руската страна се разговарало за сите прашања и дека сè уште се утврдува точниот датум на вежбите.
– Определете го точниот датум на вежбите и информирајте нè, за да не нè обвинат дека сме акумулирале војници од ведро небо, како да се подготвуваме за војна – му рекол Лукашенко на министерот за одбрана.
Западот ја обвинува Русија дека собира војници на границата со Украина и подготвува инвазија на таа земја, додека Моксва категорично ги отфрла тие тврдења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Првата група израелски заложници наскоро ќе биде ослободена

Првата група израелски заложници што наскоро ќе биде ослободена ќе вклучува шест лица.
Според извештаите на израелските медиуми, Хамас ќе ги ослободи Матан Ангрест, браќата Гали и Зив Берман, Алон Охел, Еитан Мор и Омри Миран.
Шестете заложници ќе бидат ослободени во северна Газа. Останатите 14 живи заложници ќе бидат ослободени подоцна, во други делови од Појасот Газа.
Семејствата на шесте ослободени веќе се известени, објавија израелските медиуми.
Палестински затвореници ќе бидат ослободени од Израел
Додека возилата на Црвениот крст заземаат позиции во Газа, палестинските затвореници се товарат во автобуси во израелските затвори, изјави за Ројтерс функционер вклучен во операцијата.
Според условите договорени во првата фаза од договорот, Израел ќе ослободи 250 осудени Палестинци и 1.700 лица уапсени по нападот на 7 октомври, откако ќе потврди дека сите заложници ја преминале границата.
фото: принтскрин
Свет
Хамас денеска пушта заложници, објавен е распоредот за нивното ослободување

Според израелските медиуми, објавени од Ројтерс, размената треба да започне во 8 часот наутро по израелско време во коридорот Нецарим и да продолжи во 10 часот наутро во Кан Јунис, во Појасот Газа.
На некои семејства им е кажано да се упатат кон базата Реим, на границата со Газа, за да го чекаат ослободувањето на нивните најблиски, објави телевизијата Канал 12.
Според истиот извор, ослободувањето ќе се одвива во две фази:
Првата фаза ќе започне во 6 часот наутро, кога ќе бидат ослободени дел од заложниците од централниот Појас Газа. Втората фаза е закажана за 8 часот наутро, кога ќе бидат ослободени преостанатите заложници кои се уште се живи, од Кан Јунис и урбаните бегалски кампови во централна Газа.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од две години.
Палестинската новинска агенција Шехаб објави дека Хамас ги објавил имињата на 20 заложници што треба да бидат ослободени.
Имињата се совпаѓаат со список од 20 заложници за кои се верува дека се уште се живи.
Бар Куперштејн
Евјатар Давид
Јосеф-Хаим Охана
Сегев Калфон
Авинатан Ор
Елкана Бохбот
Максим Херкин
Нимрод Коен
Матан Зангаукер
Дејвид Кунио
Еитан Хорн
Матан Ангрест
Еитан Мор
Гали Берман
Зив Берман
Омри Миран
Алон Охел
Гај Гилбоа-Далал
Ром Браслабски
Ариел Конио
фото: принтскрин