Свет
Руски лекари предупредуваат: можна е повторна инфекција со коронавирус
Повторна инфекција со коронавирусот е можна дури и кај оние пациенти што развиле имунитет кон вирусот, тврдат руски лекари кои лекувале лица заболени од Ковид-19.
Евгениј Шијато, шеф на работната група за спречување на коронавирусот во Санкт Петербург, тврди дека податоците што им се на располагање укажуваат дека инфекцијата со вирусот е можна дури и кога лицето веќе било заразено, пренесува ТАСС.
Шијато изјави дека денес е познато оти се потребни меѓу 100 и 120 дена за да се добие имунитет на вирусот, што значи дека теоретски постои можност за повторна инфекција во овој период.
Дури и кога некое лице го има прележано вирусот и има високо ниво на антитела, тоа не значи дека тој секогаш ќе биде заштитен од повторна инфекција, посочи овој руски лекар.
Јаков Накатис од Клиничката болница „Соколов“, во која се лекуваат пациенти со Ковид-19, смета дека имунитетот на коронавирусот може да биде сличен на имунитетот на грипот, од кој вакцината не заштитува секогаш. Накатис истакна дека степенот на имунитет не зависи од сериозноста на симптомите на болеста и дека зависи само од среќа дали некое лице повторно ќе се зарази или не.
Слично мислење има и Сергеј Петров од Градската болница „Света Елизабета“ во Санкт Петербург, кој смета дека е можна повторна инфекција и дека коронавирусот, како и секој друг вирус, може лесно да мутира и тогаш стекнатиот имунитет веќе не би обезбедил заштита.
Во Русија 362.342 лица се заразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата, закрепнати се 131.129 пациенти, а 3.807 починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

