Свет
Руски научник: Тестирањето на вакцините ќе трае најмалку шест месеци
Директорот на Центарот за клинички истражувања на прецизна регенеративна медицина при Сојузниот универзитет во Казан, Алберт Ризванов, кој работи со тим истражувачи на вакцината против новиот коронавирус, смета дека ефикасно решение ќе се најде побргу ако се приклучат повеќе тимови за истражување, но и покрај тоа, тестирањето на предложените вакцини ќе трае најмалку шест месеци.
Ризванов ја истакна важноста за докажување на ефикасноста и безбедноста на вакцината што допрва треба да се создаде додавајќи дека истражувањето на агенсите против ХИВ траe повеќе од две децении, но ниту една од вакцините не се покажала доволно ефикасна, објави ТАСС.
„Колку повеќе групи се приклучуваат на истражувањето, толку подобро“, рече Ризванов додавајќи дека најверојатно некој ќе успее.
„Многу земји и лаборатории во целиот свет работат на овој проблем“, рече тој.
„Во тек се неколку клинички испитувања (не помалку од пет во разни фази). Како што гледам, тестовите (вакцините се развиваат во целиот свет) може да траат од 6 до 12 месеци“, заклучува Ризванов.
Идејата на истражувачите во Казан е да се обидат да направат вакцина без употреба на жив вирус или неговите прочистени протеини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска: Од понеделникот погодени повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан
Израелската војска соопшти дека почнала нов бран воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах во либанската престолнина Бејрут.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека дополнителни детали за нападите ќе бидат објавени подоцна. Пред ударите биле издадени предупредувања за евакуација на две згради во Бејрут.
Според ИДФ, од понеделникот, кога Хезболах се вклучил во конфликтот, израелските сили погодиле повеќе од 250 цели во Либан, од кои околу 100 во последните 24 часа.
Меѓу целите, како што тврди израелската војска, биле оперативци на милитантни групи, ракетни лансери, складишта за оружје и командни центри на Хезболах.
Во јужен Либан, според израелските процени, околу 300.000 цивили ги напуштиле своите села по наредбите за евакуација издадени од ИДФ. Во текот на ноќта биле издадени и нови предупредувања за евакуација за повеќе од десет населени места.
Фото: Depositphotos
Регион
(Видео) Српска инфлуенсерка од Дубаи: Се слушаат удари, некои луѓе не сфаќаат што се случува
Српските инфлуенсерки Сара и Ања Дамњановиќ се наоѓаат во Дубаи, каде, како што велат, изминатите денови се слушаат експлозии по нападите во регионот.
Сара во видео објава раскажа дека тие биле евакуирани од стан и се преселиле во хотел на понизок кат поради безбедност, пренесе „Б92“.
View this post on Instagram
„Последниот силен удар го слушнав вчера наутро и ме разбуди. Кога бевме на 24. кат, зградата се тресеше и се слушаше силен звук“, изјави таа.
Додава дека ситуацијата е различна во зависност од делот на градот – додека некаде се активираат аларми и има евакуации, на други места луѓето седат во кафулиња и сè изгледа нормално.
Инфлуенсерката вели дека лично не паничи, но е загрижена поради големиот број информации и лажни видеа што се шират на социјалните мрежи.
Таа опиша и момент кога, трчајќи кон гаража, видела што се случува на небото и дека хотел на околу два километри од нив бил погоден. И покрај тензијата, вели дека градот функционира релативно нормално, иако понекогаш сообраќајот кратко се прекинува по нападите.
Фото: Depositphotos
Свет
Франција испрати борбени авиони „Рафал“ во своите бази на Емиратите
Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати со задача да го обезбедуваат воздушниот простор над базите, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој за телевизијата „БФМТВ“ изјави дека авионите спровеле операции за обезбедување на воздушниот простор, но не изнесе дополнителни детали за мисијата.
Распоредувањето доаѓа во време на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

