Свет
САД го отфрлија планот на Нетанјаху за Газа
Палестинците треба да управуваат со Газа откога Израел ќе ја заврши војната против Хамас, рекоа во средата САД отфрлајќи ја идејата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел ќе биде одговорен за безбедноста на Газа на неодредено време. Вооружени лица на Хамас од Газа ја пробија границата со Израел на 7 октомври и убија 1.400 луѓе.
Еден месец подоцна Вашингтон почна дискусии со израелските и арапските лидери за иднината на Појасот Газа, што нема да биде управувана од Хамас. Иако планот допрва треба да се појави, американскиот државен секретар Ентони Блинкен во средата ги изложи црвените линии и очекувањата на Вашингтон за опколениот крајбрежен регион во неговите најобемни коментари досега за ова прашање.
„Нема повторна окупација на Газа по завршувањето на конфликтот, нема обид за блокада или опсада на Газа, нема намалување на територијата на Газа“, рече Блинкен на прес-конференција во Токио. Блинкен рече дека можеби ќе биде потребен некој преоден период на крајот на конфликтот, но дека посткризното управување со Газа мора да ги вклучи Палестинците.
„Тоа мора да вклучи владеење предводено од Палестинците и обединување на Газа со Западниот Брег под палестинската управа“, рече шефот на американската дипломатија. Во понеделникот Нетанјаху изјави за „Еј-би-си њуз“ дека Израел на неодредено време ќе има одговорност за безбедноста на енклавата по војната.
Израелските власти оттогаш се обидоа да разјаснат дека немаат намера да ја окупираат Газа по војната, но допрва треба да артикулираат како може да осигурат безбедност, без да одржуваат воено присуство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Одложен состанокот на министрите на ЕУ во Кипар поради нападот со беспилотно летало
Состанокот на министрите за европски прашања на земјите-членки, кој требаше да се одржи денес и утре на Кипар, е одложен поради нападот со беспилотно летало врз британската база Акротири на тој остров, објави кипарското претседателство.
„Во раните утрински часови имавме еден, изолиран инцидент со беспилотно летало насочено кон британската база во Акротири, Кипар, со ограничена штета. Точното потекло на беспилотното летало моментално се проверува, но е потврдено дека Република Кипар не била цел на нападот“, објави портпаролката на кипарското претседателство.
Со оглед на овој неочекуван развој на настаните, кој за жал влијаеше на денешните летови до Кипар, кипарското претседателство одлучи да го одложи неформалниот состанок на Советот за општи работи.
Советот за општи работи, кој е составен од министрите на ЕУ од земјите-членки, требаше да разговара за предлогот за повеќегодишен буџет за периодот 2028-2034 година, борбата против манипулацијата со информации и мешањето од трети земји и проширувањето на ЕУ.
На состанокот беа поканети и министри од земјите-кандидатки.
Кипар, кој беше британска колонија до 1960 година, е дом на две бази – Акротири и Декелија – кои имаат статус на британски прекуокеански територии. Британците ги задржаа овие две бази според договорот за независност на Кипар од 1960 година.
фото/Depositphotos
Свет
Катар ги прекина односите со Иран по нападот
Катар ги прекина односите со Иран по нападот, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.
Портпаролот изјавил за Си-Ен-Ен дека Иран гаѓал цивилна инфраструктура во Катар, вклучително и меѓународниот аеродром, како и дека катарските борбени авиони собориле дронови и други проектили.
„Ваков напад не може да помине без одмазда“, рекол тој, додавајќи дека Иран мора да ја плати цената за овој очигледен напад врз нивниот народ.
Фото: Depositphotos
Свет
Кремљ во постојан контакт со Техеран, нападот го нарече отворена агресија
Кремљ соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство по, како што наведе, „отворената агресија“ врз Техеран и изрази длабока разочараност од развојот на настаните.
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го осуди убиството на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, нарекувајќи го „цинично“, додека руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека Блискиот Исток го турнале „во бездна на неконтролирана ескалација“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја анализира ситуацијата по одлуката на Вашингтон да започне напади врз Иран, и покрај, како што сметала Русија, охрабрувачките сигнали од преговорите меѓу САД и Иран со посредство на Оман.
„Можеме да изразиме длабоко разочарање бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок во тие преговори, ситуацијата сепак ескалираше во отворена агресија“, рече Песков.
Тој додаде дека Путин подоцна во текот на денот ќе има меѓународен телефонски разговор поврзан со Иран, без да открие со кого, и посочи дека Русија останува во дијалог и со земјите од Персискиот Залив погодени од конфликтот.
Фото: ЕПА

