Свет
САД го потврдија ставот дека Западниот Брег е окупирана територија
Стејт департментот на САД ја потврди својата позиција дека го смета Западниот Брег како територија окупирана од Израел, пренсува „Мидл Ист монитор“.
„Историски факт е дека Израел ги окупира Западниот Брег, Газа и Голанската Висорамнина по војната во 1967 година“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Појаснувањето дојде откако Стејт департментот ги објави своите годишни извештаи за човековите права во земјата за 2020 година.
Извештајот ги потврди чекорите преземени од претходната администрација на Доналд Трамп, кој ги призна Ерусалим како главен град на Израел и суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина. Исто така, ја зачува и промената направена во извештајот на поранешниот претседател Трамп, во која тој ја замени фразата „Израел и окупираните палестински територии“ со „Израел, Западен Брег и Газа“.
На прашањето дали САД сметаат дека Западниот Брег е окупирана територија од Израел, Прајс одговори потврдно.
„Всушност, во извештајот за човекови права во 2020 година се користи терминот ‘окупација’ во контекст на сегашниот статус на Западниот Брег“, рече Прајс додавајќи дека ова е долготрајната позиција на претходните администрации на двете страни.
Претходно во средата, еден репортер ја запраша помошничката-државен секретар за демократија, човекови права и труд, Лиза Петерсон, дали Стејт департментот смета дека Западниот Брег е окупиран од Израел. Петерсон рече дека делот за Израел и палестинските територии е претставен слично на претходните години.
„Овој извештај за човековите права се однесува на најчесто користените географски имиња на областа што ја опфаќа извештајот. Значи, Израел, Западниот брег и Газа. Ова е наменето за разграничување на географските области и ги става во согласност со остатокот од извештајот“, рече Петерсон.
„Тие географски индикатори немаат цел да пренесат каква било позиција за какви било прашања за конечниот статус за кои треба да се преговара меѓу страните во конфликтот, вклучително и специфичните граници на израелскиот суверенитет во Ерусалим или границите меѓу Израел и која било идна палестинска држава“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.
Свет
Им го украл автомобилот, па добиле казна оти крадецот возел без појас
Брачниот пар Лејла и Хамид од Голд Кост, Австралија, прво станале жртви на кражба во нивниот дом, а потоа добиле и казна од околу 3.750 евра. Казната ја добиле затоа што крадецот кој им го украл автомобилот, Lexus SUV, не бил врзан со безбедносен појас.
Како што пренесува 9 Now Australia’s Today, маскирана група крадци влегла ноќе во нивниот дом додека брачниот пар спиел. Хамид се разбудил од бучавата, успеал да ги истера крадците и да повика полиција. Тврди дека полицијата не дошла, а крадците наскоро се вратиле и овој пат го украле нивниот Lexus SUV.
Хамид вели дека полицијата ја повикал и вторпат, но ни тогаш никој не дошол на адресата. Три недели по инцидентот, тврди тој, полицијата сè уште не го посетила нивниот дом. Наместо помош, парот добил – казна. Сообраќајна камера го снимила крадецот зад воланот на нивниот SUV без безбедносен појас, а паричната казна автоматски им била издадена на сопствениците на возилото. Ако не го платат износот до 3 март, им се закануваат дополнителни трошоци.
Хамид се прашува како е можно системот да го сними прекршокот и да ги казни сопствениците, но не и да ја идентификува лицето кое управувало со украдениот автомобил.
Според податоците на Австралискиот завод за статистика (ABS), во Австралија се краде еден автомобил на секои 11 минути. Во периодот 2023/2024 се украдени повеќе од 60.000 возила, околу 17.000 повеќе од претходната година. Барањата за отштета по кражби речиси се удвоиле од 2015 година и во 2024 достигнале 428 милиони долари.

