Свет
САД и Велика Британија почнаа нови напади врз Хутите: „Погодивме осум цели“
САД и Велика Британија изведоа нова серија заеднички воздушни напади врз осум цели на Хутите во Јемен, потврди Пентагон.
Нападите беа насочени кон подземнo складиште и нивните ракети и способности за надзор, се вели во соопштението.
Ова е вторпат американските и британските сили заеднички да ги нападнат милитантните бунтовници Хути поддржани од Иран како одмазда за постојаните напади на групата врз бродовите во Црвеното Море.
САД и Велика Британија рекоа дека се обидуваат да го заштитат слободниот проток на трговија.
Во заедничката изјава објавена од Пентагон се зборува за „дополнителен круг на пропорционални и неопходни удари“ против Хутите.
„Наша цел останува деескалација на тензиите и повторно воспоставување стабилност во Црвеното Море, но го повторуваме нашето предупредување до раководството на Хутите – нема да се двоумиме да ги браниме животите и слободниот проток на трговија во еден од светските најкритични области на водните патишта соочени со постојани закани“, се додава во соопштението.
„Ројтерс“ пренесува дека тројца американски функционери, кои сакале да останат анонимни, потврдиле дека се извршени нови воздушни напади, но засега нема информации колку цели биле погодени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

