Свет
САД и Кина си дадоа рок од 90 дена

Соединетите Американски Држави и Кина постигнаа договор за трговскиот спор, според кој во следните 90 дена ќе бидат замрзнати американските планови за подигнување на тарифите.
До договор дојде синоќа по вечерата на американскиот претседател, Доналд Трамп и кинескиот лидер Си-Џимпинг на самитот на Групата 20 во Буенос Ајрес.
Трамп се согласи да го одложи планот за подигнување на тарифите од 1 јануари на 200 милијарди американски долари за увоз на кинеската роба, пренесуваат светските агенции.
„Кина од своја страна, се согласи да купи значајна количина на земјоделски, енергетски, индустриски и други производи од САД, за да се намали големиот трговски дефицит помеѓу САД и Кина“, соопшти Белата куќа.
Трговскиот спор помеѓу САД и Кина го разниша финансискиот пазар и го загрози светскиот економски раст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полска воведе ограничувања за воздушниот сообраќај на истокот на земјата

Полска воведе ограничувања на воздушниот сообраќај долж своите источни граници со Белорусија и Украина, соопшти денеска Оперативната команда на вооружените сили, пренесе Ројтерс.
Полска вчера наутро, со поддршка на сојузнички авиони на НАТО, собори руски дронови во својот воздушен простор – прв познат случај членка на НАТО да отвори оган за време на војната на Русија против Украина.
„На барање на Оперативната команда на вооружените сили, ограничувањата на воздушниот сообраќај ќе бидат воведени во источниот дел на Полска во форма на зона со ограничувања EP R129“, соопшти Полската агенција за управување со воздушниот сообраќај во изјава објавена доцна синоќа.
Ограничувањата стапија во сила на полноќ и ќе важат до 9 декември. Од зајдисонце до изгрејсонце, летовите во ограничената зона се забранети, освен за екипирани авиони кои летаат според летен план, имаат активни транспондери и одржуваат двонасочна комуникација со надлежните воздушни власти.
Исклучоци важат за воени летови и одредени специјални летови со посебни ознаки. „Од зајдисонце до изгрејсонце важи целосна забрана на летови, освен за воени авиони. Во зоната EP R129, 24-часовна забрана за летови се применува на цивилни беспилотни летала“, соопшти агенцијата.
Руското министерство за одбрана вчера соопшти дека неговите дронови извеле голем напад врз воени објекти во западна Украина, но дека не било планирано гаѓање цели во Полска.
Свет
Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници на палестинската милитантна група Хамас во Катар не била мудра.
Детали од разговорот објави Волстрит журнал, повикувајќи се на високи претставници на администрацијата.
Весникот наведува дека Трамп тоа го изјавил за време на жешкиот телефонски разговор со Нетанјаху во вторникот, по нападот врз припадници на Хамас во Доха, пренесува Ројтерс.
Според весникот, Нетанјаху одговорил дека имал краток временски простор за покренување на нападот и дека ја искористил можноста.
Вториот разговор меѓу двајцата лидери, кој се одржал подоцна истиот ден, според извор од претседателската администрација, бил срдачен, а Трамп го прашал Нетанјаху дали нападот бил успешен.
Свет
Ученик пукаше во средно училиште во Колорадо – двајца тинејџери повредени, напаѓачот почина

Ученик отвори оган во средно училиштево предградие на Денвер, Колорадо, при што бea повредени двајца тинејџери, а потоа напаѓачот го насочил оружјето кон себе. Подоцна властите потврдија дека починал.
Истрелите биле испукани и во внатрешноста и надвор од училиштето. Полицијата пристигнала на местото во рок од пет минути и го пронашла напаѓачот, соопшти портпаролката на шерифската канцеларија на округот Џеферсон, Џеки Кели. Таа истакна дека ниту еден полицаец не отворил оган.
Повеќе од 100 припадници на безбедносните сили од околината биле испратени да помогнат.
Повредените ученици биле пренесени во болница и првично биле во критична состојба. До вечерта, еден од нив бил стабилизиран.
Средното училиште „Евергрин“ брои повеќе од 900 ученици.
Округот Џеферсон е местото каде во 1999 година во пукањето во училиштето „Колумбајн“ беа убиени 14 лица.