Свет
САД и Куба бараат одговор за мистериозната болест на дипломатите

Американски и кубански официјални претставници ќе се состанат денеска во Вашингтон за да утврдат од каква мистериозна болест заболуваат американските дипломати во Куба.
Двете страни ќе настојуваат да го одредат методот и мотивот зад овие т.н. здравствени напади, кои почнаа пред речиси две години и погодија повеќе од 20 дипломати.
Агенцијата за национална безбедност на САД и членови на Конгресот веќе долго време се вознемирени поради недостигот на одговори во врска со овие настани.
Состанокот се одржува во екот на многубројни извештаи, кои укажуваат на тоа дека иследниците ги смалиле сомнежите за виновникот и причината зад тие настани. Стејт департментот ги негира овие извештаи, но многумина се сoмневаат дека само се обидува да го намали нивното значење.
Куба не оспорува дека дипломатите имаат симптоми, но вели дека нема докази во прилог на американските тврдења дека тие биле предизвикани со планирани напади на кубанска територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа.
Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест, Алон Охел, Омри Миран, Еитан Мор и Гај Гилбоа-Далал.
Објавата предизвика овации меѓу толпата на Плоштадот на заложниците во Тел Авив. Возилата на Црвениот крст сега ќе се упатат кон деловите од Газа под израелска контрола, каде што заложниците ќе им бидат предадени на израелските сили.
Потоа тие ќе бидат префрлени во воената база Реим во јужен Израел, каде што ќе бидат повторно обединети со своите семејства.
Свет
Нетанјаху им испрати порака на заложниците

Бенjамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара додадоа лична порака на пакетите за добредојде што ќе им бидат дадени на заложниците по нивното враќање во Израел.
Црвениот крст моментално е на пат кон северниот дел од Појасот Газа, каде што ќе земе неколку израелски заложници, потврди израелската војска.
Црвениот крст потоа ќе ги транспортира до делот од Газа што е под израелска контрола.
Заложниците потоа ќе бидат префрлени во воената база Реим во јужен Израел, каде што ќе ги пречекаат нивните семејства.
По средбата, сите ќе бидат однесени во болници. Хеликоптерите на израелските воздухопловни сили се подготвени веднаш да ги префрлат сите заложници на кои им е потребна итна медицинска помош.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Трамп на пат кон Израел, Белата куќа објави снимка од авионот

Трамп е на лет за Израел, каде што треба да се обрати пред израелскиот парламент по ослободувањето на заложниците од Газа.
Портпаролката на Белата куќа објави видео од авионот со пораката: „Нова зора на Блискиот Исток“.
The view aboard Air Force One, as President Trump will soon be landing in Israel.
It’s a new dawn in the Middle East… ☀️🕊️ pic.twitter.com/DzMCf1dS39
— Karoline Leavitt (@PressSec) October 13, 2025