Свет
САД набргу со нови санкции против Русија

Американскиот министер за финансии, Џенет Јелен, денеска објави дека Соединетите Американски Држави ќе воведат нови санкции против транснационалната мрежа на поединци и компании што работат на набавка на воени технологии што се користат за руските воени дејства во Украина.
На маргините на самитот на Г20 на Бали, Јелен изјави за новинарите дека санкциите ќе бидат насочени кон 14 физички лица и 28 деловни субјекти, вклучително и финансиски посредници, но одби да даде детали за тоа каде се наоѓаат и најави дека наредбата ќе биде издадена подоцна денеска, пренесе „Танјуг“.
„Ова е дел од нашите засилени напори да ги запреме воените активности на Русија и преку санкции и извозни контроли да ѝ се скрати на Москва потребната опрема“, рече Јелен одбивајќи да даде детали за тоа кои технологии ќе бидат насочени кон новите санкции, пренесе „Политика.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Иранците со кои преговарав се мртви и не умреа од грип или ковид

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за CNN изјави дека САД го поддржуваат Израел и ги нарече нападите врз Иран „многу успешни“.
„Секако дека го поддржуваме Израел, очигледно. Го поддржавме како никој досега“, рече Трамп во краткиот телефонски разговор.
„Иран требаше да послуша кога им кажав… Не знам дали знаете, но им дадов 60-дневно предупредување, а денес е 61-виот ден“, додаде тој.
„Тие треба да седнат на маса сега и да постигнат договор пред да биде предоцна. Ќе биде предоцна за нив. Знаете, луѓето со кои разговарав повеќе не се живи, тврдокорните“, рече Трамп, одбивајќи да прецизира на кого точно мисли.
На прашањето дали ова е последица од синоќешниот израелски напад, Трамп саркастично одговори: „Тие не умреа од грип, не умреа од ковид“.
CNN објави дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изјави дека САД не учествувале ниту помагале во нападите.
Свет
Русија ја осудува острата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран

„Русија е загрижена и ја осудува острата ескалација на тензиите“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руски „Интерфакс“.
Тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин добива онлајн-извештаи за настаните што се случуваат меѓу Израел и Иран.
„Претседателот Путин добива извештаи во реално време од руското Министерство за одбрана, Службата за надворешно разузнавање и од Министерството за надворешни работи за настаните во регионот“, рече Песков.
Според него, руското Министерство за надворешни работи, по наредба на претседателот на Русија, набргу ќе издаде детаљно соопштение за ситуацијата меѓу Израел и Иран, „кое потоа ќе биде дистрибуирано до Обединетите нации“.
Свет
Израел ги скри патничките авиони на тајна локација надвор од земјата

Израелските авиокомпании „Ел Ал“, „Аркија“ и „Исраир“ ги преместија своите авиони надвор од земјата на непозната локација како подготовка за можен ирански напад врз аеродромот „Бен Гурион“, јавува дописникот на „Скај њуз“ од Блискиот Исток.
Авионите беа транспортирани без патници како дел од однапред подготвени безбедносни протоколи во случај на понатамошна ескалација и напади врз клучна инфраструктура.
Ноќеска, Израел изврши голем воздушен напад врз повеќе цели во Иран. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и воени локации, вклучувајќи го и клучниот комплекс за збогатување ураниум во Натанц.