Свет
САД нема да споделуваат разузнавачки информации со Велика Британија поради „Хуавеј“
Американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, ќе ѝ каже на британската премиерка Тереза Меј следната недела дека САД ќе престанат да разменуваат разузнавачки информации со Велика Британија ако Лондон не се откаже од плановите за да му дозволи на „Хуавеј“ да изгради 5G мобилна телефонска мрежа.
„Фајненшал тајмс“ пишува дека Трамп планира лично да ги пренесе лошите вести за време на својата тридневна посета на Велика Британија, која почнува во понеделник.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го предупреди британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, претходно овој месец дека размената на разузнавачки информации меѓу ЦИА, МИ5, МИ6 и GCHQ може да биде изложена на ризик ако Британија продолжи со врската со „Хуавеј“, што Пентагон ја обвинува дека е тројански коњ на кинеската војска, нешто што Пекинг го негира.
Мрежата 5G е поставена да донесе побрз интернет и во четвртокот ЕЕ ја активираше својата нова 5G мрежа, а се очекува наскоро и „Водафон“ да го стори истото.
На состанокот на 23 април Британскиот совет за национална безбедност, наводно, се согласил да дозволи „Хуавеј“ да обезбеди несуштинска технологија, како антени, на компаниите како EE и Водафон, но не и основна технологија како софтвер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белата куќа: Фластерите на рацете на Трамп не се поради повреда
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека фластерите кои во неколку наврати беа забележани на рацете на американскиот претседател Доналд Трамп не се резултат на повреда, пренесе Унилад.
Таа на прес-конференција објасни дека Трамп постојано се ракува со голем број луѓе, додавајќи дека Овалната соба „е како Гранд Централ станица“. Ливит наведе и дека претседателот секојдневно зема аспирин, што може да придонесе за појава на модринки.
Објаснувањето предизвика реакции и дополнителни прашања во јавноста, но од Белата куќа инсистираат дека здравјето на претседателот е добро. Лекарот на Белата куќа на 1 декември соопшти дека 79-годишниот Трамп е во „одлична општа здравствена состојба“ по извршен систематски преглед.
Свет
СЗО: Нема поврзаност меѓу вакцините и аутизмот
Светската здравствена организација (СЗО) објави нова анализа со која повторно потврдува дека не постои причинско-последична врска меѓу вакцините и аутизмот, спротивно на тврдењата што кружат во јавноста. Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека аутизмот не е несакан ефект од вакцините.
Анализата на Советодавниот одбор за безбедност на вакцините опфатила 31 научна студија спроведена во повеќе земји во период од 15 години, вклучувајќи вакцини што содржат алуминиум и тиомерсал. СЗО наведува дека ова е четврта ваква ревизија по оние од 2002, 2004 и 2012 година, и сите дошле до ист заклучок – вакцините не предизвикуваат аутизам.
Од СЗО потсетуваат дека тврдењата за поврзаност потекнуваат од студија од 1998 година која подоцна била повлечена поради фалсификувани податоци. Организацијата нагласува дека вакцините остануваат едни од најважните медицински достигнувања и дека значително придонеле за намалување на смртноста кај децата.
Свет
Си-ен-ен објави: Американската ФДА разгледува воведување највисоко предупредување за вакцините против ковид-19
Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) планира да воведе т.н. „блек бокс“ предупредување, највисоко ниво на безбедносно предупредување, за вакцините против ковид-19, објави Си-Ен-Ен.
Станува збор за предупредување кое се користи за истакнување на сериозни ризици, животозагрозувачки и трајни несакани ефекти, кои мора да се земат предвид во однос на придобивките од вакцината. Планот сè уште не е конечен и не е јасно дали ќе се однесува само на мРНА вакцините или на сите вакцини против ковид-19, ниту дали ќе ги опфати сите возрасни групи.
Американското Министерство за здравство и социјални услуги (ХХС) не го потврди планот, наведувајќи дека без официјална објава од ФДА, станува збор за шпекулации.
Според научни проценки што ги пренесува Си-Ен-Ен, вакцините против ковид-19 во првата година од примената спречиле околу 20 милиони смртни случаи во светот. Податоците на американскиот ЦДЦ покажуваат дека вакцинираните деца во сезоната 2024/2025 имале значително помал ризик од итни лекарски интервенции поради ковид-19.
ФДА претходно побара проширување на предупредувањата за ризик од миокардитис и перикардитис, ретки воспаленија на срцето, кои најчесто се јавувале кај млади мажи по мРНА вакцините. Според ЦДЦ, повеќето случаи завршиле со закрепнување, без смртни исходи.
Повеќе експерти предупредија дека воведување на „блек бокс“ предупредување без јавно достапни докази може да ја наруши довербата во вакцините. Од ФДА и HHS ги отфрлија тврдењата дека процесот е политички мотивиран.
Конечната одлука на ФДА се очекува до крајот на годината, но плановите сè уште може да се променат.
Фото: Депозитфотос

