Свет
САД поставија два моќни ракетни система „Патриот“ во Полска
Соединетите Американски Држави распоредија два нови противвоздушни системи „Патриот“ во Полска во согласност со нивната посветеност да ја бранат територијата на НАТО, изјави висок претставник на Пентагон.
Овие противвоздушни ракетни системи, вообичаено стационирани во Германија, беа преместени по барање на полските власти, додаде високиот функционер, кој сакаше да остане анонимен.
„Два система ‘Патриот’ сега се распоредени во Полска. Нема да откриеме каде точно се позиционирани, но тие се во Полска и се во функција.
„Патриот“ се ракетни системи што може да пресретнат и уништат балистички ракети, авиони и крстостувачки ракети. Тие се широко користени на Блискиот Исток.
„Тоа е чисто одбранбено распоредување од превентивна природа за да се одговори на каква било можна закана против нас и против сојузничките сили“, рече високиот функционер потсетувајќи на посветеноста на претседателот Џо Бајден да го почитува членот 5 од Повелбата на НАТО, во кој се наведува дека сите земји членки мора да му помогнат на сојузникот во случај на напад.
Веста доаѓа еден ден откако Вашингтон го отфрли предлогот на Варшава за испраќање борбени авиони „миг-29“ од руско производство во американската воена база во Рамштајн за да бидат препратени во Украина, чии пилоти се обучени да управуваат со „миг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

