Свет
САД се враќаат во Советот за човекови права на ОН

САД објавија дека повторно ќе се приклучат во Советот за човекови права на Обединетите нации, како набљудувач.
Тоа беше најавено од страна на вршителот на должност во американската мисија при ОН во Женева, на крајот на денешната седница на Советот.
„Задоволство ми е да ве известам дека секретарот (Ентони) Блинкен ќе објави дека Соединетите Држави повторно ќе се приклучат на Советот за човекови права на Обединетите нации како набудувач. Ние го правиме тоа знаејќи дека најефикасен начин за реформа и подобрување на Советот е да се вклучиме во неговата работа“, рече тој.
Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Советот за човекови права во 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел го уби командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда на Иран

Израелските одбранбени сили (IDF) и официјалната иранска новинска агенција IRNA потврдија дека бригадниот генерал Амир Али Хаџизаде, командант на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда (IRGC), е убиен.
Хаџизаде беше назначен на оваа позиција од страна на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во октомври 2009 година.
Роден е во Техеран во 1962 година и се приклучил на Револуционерната гарда во 1980 година, кратко по избувнувањето на војната Иран-Ирак (1980-1988), за време на која учествувал во неколку операции како снајперист.
По војната, се приклучил на воздухопловните сили на IRGC и се вклучил во програмата за развој на ракетно оружје.
Во 2006 година, тој беше назначен за командант на воздушната одбрана на Револуционерната гарда.
Министерството за финансии на САД го стави на списокот за санкции, заедно со други команданти на Револуционерната гарда, откако Иран собори американски дрон за надзор во близина на Ормутскиот теснец во јуни 2019 година.
Во јануари 2020 година, откако ракета на иранската Револуционерна гарда собори украински патнички авион во близина на Техеран, при што загинаа сите 176 лица на бродот, Хаџизаде го опиша инцидентот како несреќа, ја презеде целосната одговорност и изјави дека ќе ја прифати секоја казна што му ја изрекуваат иранските власти.
Свет
Трамп: Иранците со кои преговарав се мртви и не умреа од грип или ковид

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за Си-ен-ен изјави дека САД го поддржуваат Израел и ги нарече нападите врз Иран многу успешни.
„Секако дека го поддржуваме Израел, очигледно. Го поддржавме како никој досега“, рече Трамп во краткиот телефонски разговор.
„Иран требаше да послуша кога им кажав… Не знам дали знаете, но им дадов 60-дневно предупредување, а денес е 61. ден“, додаде тој.
„Тие треба да седнат на маса сега и да постигнат договор пред да биде предоцна. Ќе биде предоцна за нив. Знаете, луѓето со кои разговарав повеќе не се живи, тврдокорните“, рече Трамп одбивајќи да прецизира на кого точно мисли.
На прашањето дали ова е последица од синоќешниот израелски напад, Трамп саркастично одговори: „Тие не умреа од грип, не умреа од ковид“.
Си-ен-ен објави дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изјави дека САД не учествувале, ниту помагале во нападите.
Свет
Русија ја осудува острата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран

„Русија е загрижена и ја осудува острата ескалација на тензиите“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руски „Интерфакс“.
Тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин добива онлајн-извештаи за настаните што се случуваат меѓу Израел и Иран.
„Претседателот Путин добива извештаи во реално време од руското Министерство за одбрана, Службата за надворешно разузнавање и од Министерството за надворешни работи за настаните во регионот“, рече Песков.
Според него, руското Министерство за надворешни работи, по наредба на претседателот на Русија, набргу ќе издаде детаљно соопштение за ситуацијата меѓу Израел и Иран, „кое потоа ќе биде дистрибуирано до Обединетите нации“.