Свет
(Видео) САД создаваат армија на слободна Сирија во близина на Рака, тврди Лавров

САД почнаа со создавање на т.н. армија на слободна Сирија со учество на терористички организации, чија цел е да се дестабилизира ситуацијата во земјата, предупреди денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.
„На САД веќе не им е доволно само да ги поддржуваат самопрогласените курдски региони зад реката Еуфрат и да ги снабдат со изобилство од оружје нелегалните вооружени единици што ги формираа таму“, вели Лавров за време на четирипартитните разговори за Сирија со своите колеги од Сирија, Турција и од Иран.
Според информациите на Москва, САД ја создаваат т.н. армија на слободна Сирија во околината на Рака со учество на претставници на локални арапски племиња, милитанти на Исламската држава и на други терористички организации.
Лавров го обвини Вашингтон дека сака да ги искористи овие борци против легитимните власти на Сириската Арапска Република за да ја дестабилизираат ситуацијата во земјата нагласувајќи дека САД треба да престанат да го поткопуваат мирот во регионот и да ја почитуваат волјата на народот на Блискиот Исток.
Рускиот шеф на дипломатија исто така нагласи дека руската и сириската војска неодамна разговарале за ова прашање, при што се договориле за модел на заеднички акции на тоа поле.
„Се надевам дека сите планирани чекори ќе бидат успешно спроведени“, истакна Лавров.
Според првиот човек на руската дипломатија, Москва верува дека еклатантното странско мешање во работите на регионот е неприфатливо, особено кога тоа вклучува воена сила, а во овој случај станува збор за распоредување странски воени единици на сириска територија.
САД ги поддржуваат џихадистичките групи уште од избувнувањето на конфликтот во 2011 година, а во моментот незаконски ги контролира териториите на Сирија, на кои се наоѓаат нафтените полиња.
Коментирајќи го процесот на нормализација на односите меѓу Турција и Сирија, Лавров истакна дека тој позитивно влијае на ситуацијата во регионот и на Блискиот Исток во целина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.