Свет
САД ја обвинија турската Халкбанк за избегнување санкции против Иран
Американските обвинители ја обвинија турската Халкбанк дека учествува во аранжман вреден повеќе милијарди долари за избегнување на американските санкции против Иран, јавува „Ројтерс“ додавајќи дека обвинението може дополнително да ги комплицира тензиите меѓу Вашингтон и Анкара, сојузник во НАТО.
Тужбата против банката, која е во поголем дел сопственост на државата, се однесува на еден нејзин поранешен директор, Мехмет Хакан Атила, кој беше прогласен за виновен од федералниот суд во Менхетн минатата година и беше осуден на затвор. Раководителите на Халкбанк не биле достапни за коментар бидејќи работното време во Турција истекло, а адвокатот на банката во САД одбил да даде коментар.
Односите меѓу САД и Турција станаа затегнати поради воената офанзива на Турција во североисточна Сирија против воените сили предводени од Курдите. Американскиот претседател, Доналд Трамп, во понеделникот најави санкции против Анкара поради инвазијата во Сирија. Белата куќа објави дека потпретседателот Мајк Пенс ќе се состане со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, в четврток во Анкара со цел да се залаожи за примирје и да се истакне намерата на администрацијата на Трамп да воведе санкции сè додека не се постигне спогодбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Турски борбени авиони соборија дрон „надвор од контрола“ во близина на брегот на Црното Море
Турција собори беспилотно летало „надвор од контрола“ кое се приближувало до нејзиниот воздушен простор над Црното Море, соопшти во понеделник Министерството за одбрана. Инцидентот се случува по украинските напади врз руските танкери од „флотата во сенка“ покрај турскиот брег и предупредувањата од турските политичари за опасностите од ширење на војната во Украина, објави АП њуз.
Министерството во соопштението наведува дека борбените авиони Ф-16 биле испратени по откривањето на објектот. „За да се избегне каква било потенцијална штета, тој бил соборен во безбедна зона надвор од населените области“, се додава во соопштението. Во соопштението не се дадени дополнителни детали за локацијата или времето на инцидентот.
Украина соопшти дека нејзините поморски беспилотни летала погодиле два танкери на 28 ноември, додека трет брод бил погоден на 2 декември додека се движел кон турското пристаниште Синоп. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди претходните напади како закана за „безбедноста на навигацијата, животите и животната средина, особено во нашата ексклузивна зона“.
Свет
Лукашенко: Мадуро е добредојден во Белорусија ако ја напушти функцијата
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро би бил добредојден во Белорусија доколку ја напушти функцијата, но дека за ова прашање не е разговарано со Мадуро, според цитат од интервју за американскиот новински канал Newsmax објавен во понеделник на канал на Телеграм поврзан со администрацијата на Лукашенко.
Тензиите се зголемија меѓу САД и венецуелската влада, при што САД распоредија воени сили во јужниот дел на Карибите, напаѓајќи бродови за кои се тврди дека носат наркотици.
Закани за воена интервенција
Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека наскоро може да започне копнени операции во Венецуела.
Венецуелската влада вели дека САД бараат промена на режимот за да ги преземат огромните нафтени резерви во земјата.
Притисокот од САД речиси го парализира извозот на венецуелска нафта од минатата недела, при што само танкерите изнајмени од „Шеврон“ што носат венецуелска сурова нафта во САД отпловиле со претходно одобрение од Вашингтон, покажуваат записите.
Свет
(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл
Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти насип по една недела континуирани и обилни дождови. Наредбата на округот Кинг се однесува на домовите и бизнисите во делови од Кент, Обрн и Туквила, источно од реката Грин.
Во исто време, Националната метеоролошка служба (NWS) издаде предупредување за ненадејни поплави за речиси 47.000 луѓе. Пробивањето на насипот се случи по една недела рекордно високи нивоа на водата, што веќе предизвика масовни евакуации.
Рекордните врнежи од дожд предизвикуваат хаос
Невообичаено моќен временски систем, познат како „атмосферска река“, донесе повеќе од 30 сантиметри дожд, зголемувајќи го нивото на реките низ целата држава, сè до канадската граница, на опасни нивоа. Бројни лизгања на земјиштето опустошија населени подрачја, уништувајќи домови и оставајќи семејства заробени на покривите додека чекаа да пристигнат спасувачките екипи.

