Свет
САД ја ослободија иранската новинарка Марзиех Хашеми по 11 дена притвор

По неколку дена поминати во притвор, иранската новинарка Марзиех Хашеми беше ослободена во средата без обвинение за какво било кривично дело, пренесеува „Прес ТВ“.
Хашеми беше притворена на 13 јануари на Меѓународниот аеродром „Сент Луис Ламберт“ во Мисури додека се подготвуваше да замине во Денвер. Таа престојува во САД за да работи на документарен филм во врска со движењето Black Lives Matter.
„Исто како што Америка е свесна за малтретирањето на црнечката заедница од страна на полицијата, така треба да почне да зборува за малтретирањето на муслиманската заедница од страна на ФБИ”, се вели во изјавата објавена од семејството на Хашеми по нејзиното ослободување.
Во изјавата се вели дека фокусот не треба да биде исклучиво за Хашеми, туку на сите муслимани или немуслимани што може да бидат затворени без обвинение во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кандидатот на Трамп за шеф на НАСА: Мисијата на Марс е приоритет

Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за директор на НАСА, Џеред Ајзакмeн, рече дека вселенската агенција ќе даде приоритет на испраќање американски астронаути на Марс.
„Наш приоритет ќе биде испраќање американски астронаути на Марс. На тој пат, неизбежно ќе ги развиеме способностите потребни за враќање на Месечината и да ги утврдиме придобивките од постојаното присуство на површината на Месечината“, рече Ајзакмeн во писмената изјава подготвена за сослушување пред Комитетот за трговија, наука и транспорт на американскиот Сенат.
Ројтерс во понеделникот објави дека Ајзакмeн, зборувајќи со сенаторите минатата недела, ја истакнал важноста да се вратат луѓето на Месечината пред Кина да го стори тоа. Неговите зборови донекаде ја намалија загриженоста дека програмата на НАСА за Месечина, вредна повеќе милијарди долари, може да биде загрозена со префрлање на фокусот на Марс.
Програмата „Артемис“ на НАСА, која има за цел да ги врати луѓето на Месечината, беше лансирана за време на првиот претседателски мандат на Трамп како начин да се тестираат технологиите потребни за мисии на Марс со подолг дострел.
Неговиот став за програмата „Артемис“ се очекува да биде жестоко дебатиран за време на сослушувањето во Сенатот.
НАСА веќе инвестираше милијарди долари во програмата за враќање на Месечината, соработувајќи со американските сојузници и бројни приватни компании, вклучително и „Спејс Икс“ на Илон Маск, кој ја гледа Месечината како иден пазар.
Сепак, во неговиот втор претседателски мандат, Трамп се повеќе јавно го истакнува Марс како врвна цел. Маск, кој лобираше за номинацијата на Исакман, смета дека вниманието се оттргнува од патот кон Црвената планета.
Ајзакмeн нагласи дека повеќето американски вселенски програми ги надминуваат предвидените буџети и доцнат со роковите.
„Тоа е обесхрабрувачки бидејќи луѓето денес гледаат кон ѕвездите и се прашуваат што има таму, а не што ќе биде таму за неколку децении“, наведува тој.
Свет
Во сила е нов пакет тарифи на Трамп, за Кина воведени царини од 104 отсто

Новиот сет на царини на Трамп стапи на сила утрово за приближно 60 земји ширум светот.
Од 6 часот наутро по наше време, Кина се соочува со вкупна царина од 104 отсто за увоз во САД.
За Виетнам беше воведена царина од 46 отсто, за Тајланд 36 отсто, за Јапонија 24 отсто и за Европската унија 20 отсто.
Европа
ОН: Речиси 13.000 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната

Обединетите нации проценуваат дека околу 13.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина, изјави во вторникот пред Советот за безбедност координаторот на ОН, Том Флечер. Според Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права, во Украина се потврдени најмалку 12.910 смртни случаи на цивили, вклучувајќи 682 деца.
Речиси 30.700 цивили беа повредени помеѓу 24 февруари 2022 година и 31 март 2025 година. Само од крајот на февруари до крајот на март беа убиени повеќе од 170 цивили.
Флечер додаде дека вистинските бројки веројатно ќе бидат далеку поголеми.
Флечер нагласи дека меѓународното право се прекршува и во други конфликти ширум светот.
„Тоа е заедничката нишка што ги поврзува овие конфликти, и ако вашите принципи важат само за вашите противници, тогаш тоа не се хуманитарни начела“, рече тој.