Свет
САД ја понижија Русија среде Москва

САД размислуваат да воведат санкции за гасоводот „Северен тек 2“, рече американскиот министер за енергија, Рик Пери, по состанокот вчера со својот руски колега во Москва.
На прашањето од новинарите дали се можни санкции за руско-германскиот гасовод и рускиот енергетски сектор, Пери кусо одговори: „Да“.
Рускиот и американскиот министер за енергетика, Александар Новак и Рик Пери, разговараа за спроведувањето на проектот „Северен тек 2″, каде што руската страна истакна дека ова е комерцијален проект, изјави рускиот министер за енергија, Александар Новак, по состанокот.
Рускиот министер рече дека Русија е загрижена поради изјавите на САД во врска со можните санкции против проектот за гасовод за кој се заинтересирани европските потрошувачи.
Источноевропските земји и САД се противат на гасоводот тврдејќи дека ќе ја зголеми енергетската зависност на Европа од Русија. САД исто така сакаат да продадат повеќе од својот течен гас во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.