Свет
Салвини ќе одржи конференција за обединување на 20 различни европски популистички партии
Популистичкиот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини, ќе биде домаќин на конференција во Милано следната недела, чија цел е обединување на европските популистички партии и движења пред изборите во Европскиот парламент, пренесува австрискиот весник „Кронен цајтунг“.
На конференцијата се очекува да се сретнат околу 20 различни популистички и конзервативни партии и движења кои се собираат под слоганот „Кон Европа на разумот”. Партијата Лига на Салвини очекува многумина да се приклучат во алијанса пред изборите во мај.
Австриската Партија за слобода (ФПО), предводена од вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе, рече дека ќе присуствуваат на состанокот чија јасна цел е да се направи заеднички договор за трите групи.
Европските парламентарни групи кои, најверојатно, ќе присуствуваат се Европа на нации и слобода (ЕНФ), во која веќе се Лига и ФПО, како и европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Европа за директна демократија (ЕФДД).
Популистичкиот самит доаѓа откако Салвини помина неколку месеци договарајќи нови сојузи и зајакнување на старите со популистичките лидери како Марин ле Пен, полската Партија за право и правда (ПИС) и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
На нивниот состанок минатата година премиерот Орбан го опиша Салвини како свој херој, велејќи дека италијанскиот министер за внатрешни работи е негов судбински придружник.
Откако формираше влада со Движењето Пет ѕвезди минатата година, Салвини и Лига забележаа пораст на популарноста меѓу италијанските гласачи. Некои проекции укажуваат на тоа дека по изборите во мај, Салвини и Лига би можеле да формираат една од најголемите партии во Европскиот парламент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

