Свет
Самитот со Трамп беше успешен, рече Путин

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјавил дека дека неговиот прв самит со американскиот колега бил успешен и истовремено ги обвинил противниците на Доналд Трамп за попречување на напредокот во прашањата за кои разговарал со шефот на Белата куќа.
„Наивно е да се мисли дека проблемите можат да се решат за неколку часа. Но, тоа никој и не го очекуваше“, рекол Путин пред руските дипломати во Москва.
Како што пренесуваат медиумите, Путин ги пофалил посредничките напори на Трамп во Северна Кореја, но и ја нападнал неговата одлука да се повлече од меѓународниот договор со кој намалуваат нуклеарните активности на Иран.
Рускиот лидер отворено ги нападнал Европа и НАТО со кои доминираат САД, нагласувајќи дека Русија ќе возврати со еднаква одговорност на воспоставувањето база на НАТО во близина на границата со Русија и други агресивни чекори, но, притоа, не е објаснето на што мисли.
Путин оценил дека односите меѓу Москва и Вашингтон сега се полоши отколку во Студената војна, но дека состанокот со Трамп им овозможил да продолжат кон патот на позитивни промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иранскиот министер за надворешни работи им порача на Израелците: Немојте да се приближувате до воени локации

Министерот за надворешни работи на Иран ги повика Израелците да избегнуваат да бидат во близина на „воени и разузнавачки локации“ додека Иран продолжува да извршува напади.
Абас Арагчи напиша на Икс дека иранската војска „прецизно“ елиминирала израелски штаб на команда, контрола и разузнавање и „уште една витална цел“. Тој истакна дека „ударниот бран“ предизвикал „површинска штета“ на блискиот медицински центар Сорока, за кој тврди дека лекувал повредени израелски војници во Газа.
Израел тврди дека Иран директно ја нападнал болницата, додека Иран вели дека нападнале команден центар во близина на медицинскиот центар. „Стотици невини Иранци се убиени ладнокрвно откако Израел ја започна својата нелегална војна против иранскиот народ минатата недела“, рече Арагчи.
„Нашите моќни вооружени сили ќе продолжат да напаѓаат криминалци кои го напаѓаат нашиот народ сè додека не престанат и не платат за нивната криминална агресија против нашата нација“, додаде тој.
Министерот за надворешни работи на Иран утре ќе отпатува во Женева, Швајцарија, за да се сретне со европските колеги на разговори. Дипломат за Си-ен-ен изјави дека разговорите ќе се фокусираат на „што може да се постигне“ за да се стави крај на конфликтот.
Свет
„Волстрит журнал“ објави дека американскиот претседател одобрил планови за напад врз Иран; Трамп: Тие немаат поим!

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот во „Волстрит журнал“ дека одобрил планови за напад врз Иран, но се воздржува од издавање конечна наредба.
„Си-би-ес њуз“ вчера објави слични информации.
Трамп се огласи на својата сметка на социјалните мрежи „Трут Соушл“ за накратко да каже: „’Волстрит журнал’ нема поим какви се моите мисли за Иран!“
Европа
Шпанскиот премиер му пиша на шефот на НАТО: не сака да троши 5 проценти од БДП за одбрана

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од НАТО да го исклучи од својата цел за зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП, според писмото испратено до генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, во кое Ројтерс имал увид.
Санчез побара „пофлексибилна формула“ што или ќе го направи постигнувањето на целта доброволно или ќе ја ослободи Шпанија од неа.
„Посветувањето на целта од 5 проценти не само што би било неразумно, туку и контрапродуктивно, бидејќи дополнително би ја оддалечило Шпанија од оптимално трошење и би ги нарушило сегашните напори на Европската унија за зајакнување на нејзината безбедност и одбрана“, напиша Санчез во писмото.
Тој додаде дека новата цел, предложена од САД, е „некомпатибилна со шпанската држава на благосостојба и шпанскиот поглед на светот“. „Мадрид проценува дека ќе треба да потроши 2,1 процент од својот БДП за да ги задоволи воените потреби на Шпанија“, рече Санчез.