Свет
„Самсунг“ ги советува потрошувачите редовно да ги скенираат своите уреди за вируси

Компанијата „Самсунг“ ги советува своите потрошувачи да водат грижа за своите најнови телевизори и редовно да ги скенираат за вируси.
„Самсунг“ на својот твитер-профил објави видео со инструкции за активација на скенирањето, кое ги демонстрира чекорите со помош на далечинскиот управувач.
Компанијата им предлага на корисниците да ги скренираат своите елетронски уреди на неколку недели со цел да спречат вируси.
Овој предлог на „Самсунг“ предизвика чудење меѓу експертите за сајбер-безбедност, кои велат дека потрошувачите не би минувале низ таа мака.
На прашањето дали постои конкретна закана поради која компанијата го објавила ова видео, од „Самсунг“ одговараат дека го објавиле од едукативни причини.
Видеото имаше околу 200.000 прегледи, но сепак подоцна беше избришано.
„Нашата компанија безбедноста ја сфаќа многу сериозно. Ние сакаме да ги информираме нашите потрошувачи за потенцијалните закани, но и како може да се заштитат од нив,“ изјавија од „Самсунг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина: Во завршна фаза сме од преговорите за договорот за минералите

Украина и САД се во последна фаза на преговори за договорот за минералите, изјави украинскиот вицепремиер Олха Стефанишина.
Зеленски претходно овој месец го отфрли договорот со кој на САД ќе им се даде пристап до украинските минерали.
Сепак, Стефанишина сега потврди: „Украинскиот и американскиот тим се во последната фаза од преговорите за договорот за минерали. Преговорите беа многу конструктивни, скоро сите клучни детали се финализирани“.
„Ние сме посветени на тоа брзо да го завршиме ова. Се надеваме дека американските и украинските лидери ќе можат да го потпишат и одобрат договорот во Вашингтон што е можно поскоро за да ја покажеме нашата посветеност во децениите што доаѓаат“, додаде таа.
Свет
Градежна офанзива на „Алексо Демниевски“ – нова фаза во модернизацијата на Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров започна со амбициозна реконструкција на 13 краци на улицата Алексо Демниевски, во рамки на градежната офанзива која целосно ќе ја трансформира оваа населба. Ова е прв пат да се изведе ваква обемна интервенција на оваа локација, со вкупна должина од 3.000 метри и површина од 11.350 m².
Инвестицијата, вредна 15.000.000 денари, ќе донесе современи услови за жителите на урбаната заедница Мирче Ацев, особено во познатото Диво Маало, кое децении беше симбол на запоставеност. Новиот асфалт, подобрената инфраструктура и модерните решенија ќе ги зголемат удобноста и безбедноста на локалните жители.
„Оваа инвестиција е дел од нашата визија за модерен и функционален Ѓорче Петров. Со реконструкцијата на Алексо Демниевски, сакаме да ги подобриме условите за живеење на нашите граѓани и да им покажеме дека нивните населби се наш приоритет. Ова е само еден чекор од многуте што ги планираме – нашата цел е целата општина да стане поповолна, поубава и попријатна за живеење.“ истакна Градоначалникот Стојкоски
Реконструкцијата на улицата Алексо Демниевски е дел од поширокиот план на Општина Ѓорче Петров за подобрување на инфраструктурата и поддршка на локалните заедници. Очекувањата се дека проектот ќе биде завршен во наредните месеци, а жителите веќе изразија задоволство од почетокот на работите.
Свет
Би-би-си: Новиот германски лидер навести сеизмички промени во трансатлантските односи

Фридрих Мерц, кој сигурно ќе биде новиот германски канцелар, не ги дочекал конечните резултати од изборите за новиот Бундестаг одржани во неделата за да најави нова ера во Европа, јавува денеска Би-би-си.
Прогласувајќи ги Соединетите Американски Држави за рамнодушни кон судбината на европскиот континент, Мерц ја доведе во прашање иднината на НАТО и побара Европа да ја зајакне својата одбрана, и тоа бргу, според анализата ден по сојузните парламентарни избори во Германија, на кои синдикатот на Мерц, ЦДУ/ЦСУ, освои најмногу гласови.
„Ваков тон од устата на близок сојузник на САД – Фридрих Мерц, кој инаку е познат како страстен атлантист – бил незамислив пред само неколку месеци. Ова е сеизмичка промена. Тоа може да се протолкува како претерување, но она што во моментот го доживуваме во трансатлантските односи е без преседан од крајот на 80-тите години на британските медиуми“, нагласуваат од британските медиуми.
На третата годишнина од рускиот напад врз Украина, Мерц повика Киев да се вклучи во мировните преговори.
Најверојатниот кандидат за иден германски канцелар ја потврди својата континуирана поддршка за Украина.