Свет
Саудиска Арабија ги забрани зборовите слугинка и слуга во огласите за работа
Саудиското Министерство за трговија соопшти дека од оваа недела работодавците треба да бараат „работници“ наместо „слуга/слугинка“, објави „Нејшнел“.
Новата директива е дел од низата реформи на контроверзниот спонзорски систем кафала, кој долго време управуваше со животот на мигрантите во кралството. Системот бара странските работници да бидат спонзорирани од нивните работодавци и беше критикуван од групите за човекови права затоа што им дозволува на работодавците да ги експлоатираат работниците и да го контролираат нивното движење.
Речиси 10 милиони странски државјани работат во Саудиска Арабија. Околу 3,7 милиони се вработени како домашни помошници, работа што рутински е поврзана со злоупотреба во голем дел од Заливот.
Претходно годинава, една Саудијка беше осудена на смрт поради убиство на својата домашна помошничка од Бангладеш. Пресудата беше ретко признание за злоупотребата на мигрантските работници во кралството. Оттогаш Ријад воведе голем број реформи во системот кафала.
Работниците мигранти сега ќе може да ги менуваат работните места по истекот на нивниот договор, без дозвола на нивниот работодавец. Исто така, од нив нема да се бара дозвола од нивниот работодавец за патување.
Сепак, системот не е целосно укинат, па работниците мигранти сè уште остануваат врзани за своите работодавци – или кафил – преку визите за работа и престој оставајќи ги ранливи на злоупотреба, според групите за човекови права.
Саудиските власти во моментот проучуваат систем што би ги обесштетил Саудијците ако домашниот помошник што го вработиле ненадејно и ненајавено им замине, се вели во неодамнешниот извештај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

