Свет
Саудиска Арабија обвинета за масовно убиство на мигранти

Саудиската гранична полиција е обвинета за масовно убиство на мигранти по должината на границата со Јемен во новиот извештај на „Хјуман рајтс вач“.
Во извештајот стои дека стотици луѓе, од кои многумина Етиопјани, кои го преминале Јемен за да стигнат до Саудиска, Арабија, биле застрелани.
Мигрантите изјавија за Би-би-си дека имале отсечени екстремитети од пукање и виделе тела оставени на патеките.
Мигрантите за Би-би-си зборуваа за застрашувачки ноќни премини за време на кои големи групи Етиопјани, вклучително и многу жени и деца, биле под оган додека се обидувале да ја преминат границата во потрага по работа во кралството.
Еден од мигрантите рече дека некои од неговата група од 45 мигранти биле убиени кога биле под оган додека се обидувале да ја преминат границата во јули минатата година.
Според Меѓународната организација за миграција на ОН, повеќе од 200.000 луѓе годишно се обидуваат на опасно патување поминувајќи по море од Рогот на Африка до Јемен, а потоа патувајќи во Саудиска Арабија.
Надија Хардман, одговорна за извештајот на Обединетите нации, вели дека минимум 655 лица се убиени, но очекува дека ќе бидат илјадници во иднина.
Саудиската влада рече дека сериозно ги сфатила наводите, но силно ја отфрла констатацијата на ОН дека убиствата биле систематски или големи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американец со закана изнудил експлицитни снимки на 108 девојчиња, најмалото имало само пет години

Американецот Чејс Малиган се изјасни за виновен дека принудил најмалку 108 девојчиња на возраст од пет до 17 години да прават експлицитни видеа преку Интернет во период од четири години.
Малиган, како дел од договорот за признавање на вината со обвинителите, признал дека ги изнудувал таквите видеа од девојчињата заканувајќи се дека ќе ги објави видеата што веќе ги имал, ќе им каже на нивните родители или ќе ги нападне нивните семејства, пишува Вашингтон пост.
Повеќето од жртвите живеат во САД, но Малиган уценувал и девојчиња од Австралија, Канада, Данска, Шпанија, Обединетото Кралство и Филипините, комуницирајќи со нив преку „Снепчет“, „Инстаграм“, „Скајп“, „Дискорт“, „Роблокс“ и други апликации.
Истрагата почна во летото 2022 година, кога инспекторите дознале дека лице кое користи профил на „Снепчет“ експлоатирало две дванаесетгодишни девојчиња, како и петгодишно девојче во Тенеси.
Откако ја пронашле адресата, Малиган бил уапсен во неговиот дом во Мерлинед. На Малиган (28) му се заканува затворска казна од минимум 15, а најмногу 60 години за изнуда, експлоатација и производство на детска порнографија.
Регион
Разбиена криминална група за илегална миграција во Грција, правеле лажни пасоши и ги продавале за 600 евра

Уапсени се 23 лица осомничени за криумчарење илегални мигранти и фалсификување документи во Грција, а се уште се трага по 26 други членови на оваа криминална мрежа.
Оваа банда преку шверц и фалсификување заработила 4.865.200 евра, а меѓу уапсените е и водачот на групата, кој од почетокот на 2024 година правел лажни патни исправи за мигранти, јавува ЕРТ.
При претреси на четири локации во Атина и Пиреја, запленети се 4.831 лажни патни исправи во вредност од 68.000 евра, а идентификувани се 558 мигранти прошверцувани во ЕУ од оваа група.
Во зависност од тоа дали шверцувале мигранти по пат, море или воздушен пат, трошоците за превоз се движеле од 700 до 8.000 евра, додека фалсификуваниот документ чинел од 400 до 600 евра.
Свет
Блумберг: Европа размислува да купи оружје од САД за Украина

Европските лидери размислуваат да купат американско оружје за испорака во Украина доколку САД одбијат дополнителна воена помош, објави Блумберг, повикувајќи се на добро информирани извори.
Агенцијата вели дека Европа нема ниту залихи на оружје, ниту капацитет да го произведе во доволни количини за да ги задоволи сите потреби на Украина, и јасно е дека Белата куќа повеќе нема да испорачува оружје на Украина, отфрлајќи ги повиците од Европа да продолжи да врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на итен прекин на огнот со заострување на санкциите.
Предлогот е да се купи повеќе американско оружје и потоа да се испрати во Украина, изјавија запознаени со ситуацијата, кои побараа да останат анонимни.
„Идејата е дека ако Трамп одбие да испрати американско оружје во Украина, Европа ќе го стори тоа. Тоа ќе и помогне на Украина да ја спречи руската офанзива и може да изврши нов притисок врз Путин да го натера сериозно да го сфати прашањето за прекин на огнот. И ако Европејците можат да го убедат Трамп да продолжи да дава разузнавачки информации за Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе може да преживее“, рече добро информиран извор.