Регион
Сведоштва од полскиот автобус што излета во Хрватска: Беше страшно, луѓето мораа да бидат свесни дека умираат
Патниците што беа дел од автобусот со аџии што излета од автопатот Вараждин – Загреб, а кои се наоѓаат во хрватските болници, се главно стабилни.
Оние со подобро здравје се отпуштени и транспортирани во Полска.
Од полскиот портал „Факт“ разговарале со две жени што се во загрепската болница и кои ја преживеаја страшната несреќа.
Беата Кричовијак вели дека автобусот го управувале искусни возачи и дека нема индиции оти може да се случи ваква трагедија.
„Бев шокиранa што тоа се случи. Не се сеќавам на моментот на несреќата бидејќи спиев. Во прашање беа секунди. Не се онесвестив, но бев заглавена. Видов луѓе што не можеа да се движат. Чекав да го отворат автобусот и да ме изнесат. Не знаев што се случува околу мене бидејќи бев заглавена меѓу седиштата. Ми се чинеше како да чекам со часови, а помош чекав 13-ина минути“, изјавила таа.
„Беше страшно, офкање, стенкање, луѓето сигурно беа свесни дека умираат. Некои беа згмечени. Страшно е да се видат луѓе без кожа на лицето. Шок. Невозможно е да се опише“, раскажала Беата, која со мајка си отишла во Меѓугорје.
Зофија Каспржик, пак, вели дека еден ден ќе се врати во Меѓугорје, без разлика на страшната несреќа што ја преживеала.
„Им благодарам на Бога и на Богородица. Штом закрепнам, повторно ќе одам во Меѓугорје. Храбра сум и религиозна. Се молам секој ден“, раскажува преживеаната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Додик вежбаше во природа, па порача: „Никогаш не сум бил во подобра форма“
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, објави видео на социјалните мрежи на кое прави чучнувања во природа, што предизвика бројни коментари. Со тоа, тој се придружи на долгата низа политичари кои ги искористија своите физички атрибути и спортски активности за да привлечат внимание од јавноста, пишува N1.
Претседателот на СНСД на платформата Икс објави видео со пораката: „Никогаш во подобра форма“.
Никад у бољој форми. pic.twitter.com/Vh2A3e3E3v
— Милорад Додик (@MiloradDodik) February 22, 2026
Ова ги натера корисниците на социјалните мрежи да се пошегуваат, а се појавија и коментари дека тој се „подготвува за затвор“ или за Олимписките игри. Објавата на Додик е продолжение на трендот што во светот го популаризираше рускиот претседател Владимир Путин, познат по фотографиите на кои ги покажува своите мускули.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.
Регион
(Видео) Вториот најголем вид ајкула снимен во близина на хрватски остров
Интересно суштество беше видено минатата недела во морето во близина на Црес, Хрватска.
Вработените во Институтот „Син свет“ добија видео врз основа на кое заклучија, иако не е најјасно, дека најверојатно станува збор за голема ајкула (Cetorhinus maximus). До овој заклучок дојдоа врз основа на карактеристичниот облик на нејзината грбна перка.
Големата ајкула е вид кој е редок, но постојано присутен по должината на источниот јадрански брег.
Повеќето видувања на ова животно доаѓаат од северниот Јадрански дел, вклучувајќи го и Кварнерскиот залив, кој е добро познат како област на Јадранскиот дел со најголема биомаса на зоопланктон, истакнува Институтот.
Тоа е втор најголем вид ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина од повеќе од десет метри.
Тоа е миграторен вид кој се храни со планктон со филтрирање на морето со широко отворена уста и не е опасен за луѓето.
„Со учество во собирањето податоци од страна на јавноста, добиваме вредни информации што им помагаат на научниците во истражувањето и заштитата на морето. Секоја фотографија, секој совет и секој запис во апликацијата придонесува за подобро разбирање и зачувување на нашиот морски екосистем“, рекоа тие.

