Свет
(Видео) Свештеникот Брансон се враќа во САД, се очекува средба со Трамп

Свештеникот Ендру Брансон се очекува денеска да пристигне со авион во воeна база близу Вашингтон и најверојатно истиот ден ќе ја посети Белата куќа, најави американскиот претседател Доналд Трамп.
,,Мило ми е што е враќа. Тој многу страдаше и многу сме благодарни на голем број луѓе”, изјави Трамп.
Во однос на прашањето дали ќе ги укине санкциите кон Турција, воведени поради апсењето на Брансон, Трамп рече дека немало никаков договор со Турција во врска со пуштањето на Брансон и укинувањето на санкциите.
Турскиот суд донесе одлука за ослободување на американскиот протестантски свештеник Ендру Брансон чиј притвор предизвика дипломатска криза меѓу Анкара и Вашингтон. Судот во Измир го осуди Брансон на три години и еден месец затворска казна, но го ослободи земајќи го предвид времето поминато во притвор и доброто однесување во текот на судскиот процес.
Брансон живее во Турција 23 години. Тој беше уапсен во декември 2016 година, а на 22 јули годинава беше префрлен во куќен притвор.Брансон е осуден за делување во име на мрежата на проповедникот Фетула Ѓулен кого Анкара го смета за одговорен за обидот за пуч во јули 2016 година во Турција во име на Работничката партија на Курдите која Турција ја смета за терористичка организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Првата група израелски заложници наскоро ќе биде ослободена

Првата група израелски заложници што наскоро ќе биде ослободена ќе вклучува шест лица.
Според извештаите на израелските медиуми, Хамас ќе ги ослободи Матан Ангрест, браќата Гали и Зив Берман, Алон Охел, Еитан Мор и Омри Миран.
Шестете заложници ќе бидат ослободени во северна Газа. Останатите 14 живи заложници ќе бидат ослободени подоцна, во други делови од Појасот Газа.
Семејствата на шесте ослободени веќе се известени, објавија израелските медиуми.
Палестински затвореници ќе бидат ослободени од Израел
Додека возилата на Црвениот крст заземаат позиции во Газа, палестинските затвореници се товарат во автобуси во израелските затвори, изјави за Ројтерс функционер вклучен во операцијата.
Според условите договорени во првата фаза од договорот, Израел ќе ослободи 250 осудени Палестинци и 1.700 лица уапсени по нападот на 7 октомври, откако ќе потврди дека сите заложници ја преминале границата.
фото: принтскрин
Свет
Хамас денеска пушта заложници, објавен е распоредот за нивното ослободување

Според израелските медиуми, објавени од Ројтерс, размената треба да започне во 8 часот наутро по израелско време во коридорот Нецарим и да продолжи во 10 часот наутро во Кан Јунис, во Појасот Газа.
На некои семејства им е кажано да се упатат кон базата Реим, на границата со Газа, за да го чекаат ослободувањето на нивните најблиски, објави телевизијата Канал 12.
Според истиот извор, ослободувањето ќе се одвива во две фази:
Првата фаза ќе започне во 6 часот наутро, кога ќе бидат ослободени дел од заложниците од централниот Појас Газа. Втората фаза е закажана за 8 часот наутро, кога ќе бидат ослободени преостанатите заложници кои се уште се живи, од Кан Јунис и урбаните бегалски кампови во централна Газа.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од две години.
Палестинската новинска агенција Шехаб објави дека Хамас ги објавил имињата на 20 заложници што треба да бидат ослободени.
Имињата се совпаѓаат со список од 20 заложници за кои се верува дека се уште се живи.
Бар Куперштејн
Евјатар Давид
Јосеф-Хаим Охана
Сегев Калфон
Авинатан Ор
Елкана Бохбот
Максим Херкин
Нимрод Коен
Матан Зангаукер
Дејвид Кунио
Еитан Хорн
Матан Ангрест
Еитан Мор
Гали Берман
Зив Берман
Омри Миран
Алон Охел
Гај Гилбоа-Далал
Ром Браслабски
Ариел Конио
фото: принтскрин