Свет
Северна Кореја истрела балистичка ракета

Северна Кореја денеска изврши ракетна проба, а најверојатно станува збор за истрелување на балистичка ракета, соопштија јапонската и јужнокорејската армија.
Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала проектил од нејзиниот источен брег, а новинската агенција „Јонхап“ нагласи дека војската верува дека станува збор за балистичка ракета.
И јапонското Министерство за одбрана на „Твитер“ објави дека тоа би можело да биде балистичка ракета.
Северна Кореја истрела балистичка ракета во морето во близина на нејзиниот источен брег во средата, соопштија Јужна Кореја и Јапонија откако Пјонгјанг вети дека ќе ги развие своите нуклеарни сили „со најголема можна брзина“.
Најновото тестирање доаѓа само неколку дена пред инаугурацијата на новиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-јол, во вторник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стотици луѓе на улиците на Израел: протестираат поради одлуката за продолжување на војната во Газа

Израелската полиција употреби воден топ против демонстрантите кои трет ден по ред протестираа против одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го смени шефот на домашната разузнавачка служба Шин Бет Ронен Бар, а неколку демонстранти беа уапсени, пренесоа светските медиуми.
Израелците протестираат и поради одлуката за продолжување на војната во Појасот Газа, со која беше прекршен двомесечниот прекин на огнот, а Хамас се уште држи 59 израелски заложници.
„Многу сме загрижени бидејќи нашата земја се претвора во диктатура“, изјави Ринат Хадаши (59) во Ерусалим. „Тие ги напуштаат нашите заложници, игнорирајќи се што е важно за оваа земја.
Стотици демонстранти денеска отидоа во официјалната резиденција на премиерот, каде се обидоа да ги пробијат безбедносните кордони и се судрија со полицијата. Планирани се и протести пред воениот штаб во Тел Авив.
Дури и пред војната во Појасот Газа, десетици илјади Израелци учествуваа на редовни протести против напорите на владата да ги ограничи овластувањата на судството.
Од почетокот на војната, има редовни протести на семејствата и поддржувачите на заложниците кои ги држеше Хамас.
Регион
Пленковиќ до Вучиќ: Бараj проблеми на друго место

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во четвртокот во Брисел изјави дека разбира оти во Србија се обидуваат да ги бараат проблемите на друго место, но дека не се во меморандумот за соработка во областа на одбраната, кој го потпишаа Хрватска, Косово и Албанија.
„Тоа е меморандум за заедничка соработка, нема непријателски карактер, затоа разбирам дека сега треба да ги бараме проблемите на друго место, но во овој текст ги нема“, рече Пленковиќ запрашан да ја коментира изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ во средата изјави дека ова е кршење на т.н субрегионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година и дека е речиси сигурно дека НАТО не бил информиран за тоа. Пленковиќ додаде дека овој меморандум ги помага напорите на Косово и Албанија во нивните реформи и размена на искуства.
Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за зајакнување на одбранбената соработка, по што Србија најави дека ќе побара итно објаснување од министерствата за надворешни работи на Хрватска и Албанија во врска со потпишаниот документ.
„Тие отворија трка во вооружување во нашиот регион, тоа е тешка ситуација за нас, но ја разбравме нивната порака. Ќе ја спасиме нашата земја, ќе ги одвраќаме и секогаш успешно ќе ја браниме од секој потенцијален агресор, дури и од ваков моќен“, им рече Вучиќ на српските новинари по разговорите во НАТО со генералниот секретар Марко Руте.
Регион
Земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, четврток, 20 март 2025 година во 18 часот и 27 минути на подрачјето на Крит, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати од географска ширина 35,56 и географска должина 24,64.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.