Свет
Северна Кореја планира да лансира шпионски сателит, вели пратеник од Јужна Кореја

Се очекува Северна Кореја да лансира уште еден шпионски сателит на крајот на август или почетокот на септември, изјави денеска јужнокорејски пратеник.
Првото лансирање воен сателит во мај заврши неуспешно, но Северна Кореја вети дека набргу ќе испрати втор сателит во орбитата, пренесува „Ројтерс“.
Јо Санг-бум, пратеник од Јужна Кореја, им изјави на новинарите по состанокот со шефот на разузнавачка агенција дека постои шанса новиот сателит да биде лансиран за да ја прослави годишнината од основањето на земјата на 9 септември.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун претходно најави дека лансирањето сателит во втората половина на оваа година е приоритет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото/Видео) Се урна исламско религиозно училиште во Индонезија, потрагата по учениците е во тек

Индонезиските спасувачи бараат 38 лица за кои се стравува дека се затрупани под урнатините откако се сруши исламско религиозно училиште во покраината Источна Јава, додека десетици ученици присуствуваа на попладневна молитва, соопштија властите за управување со катастрофи.
❗️🇮🇩 – At least 65 students are presumed buried under the rubble after a multi-story Islamic boarding school building collapsed in Sidoarjo, East Java, Indonesia, while over 100 were gathered for afternoon prayers.
One 13-year-old student has been confirmed dead, with 99 others… pic.twitter.com/UrqHsoWg50
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) September 30, 2025
Според Ројтерс, едно лице загина, а 102 беа евакуирани во неделата во инцидентот во училиштето Ал Хозини во градот Сидоарџо, кога нестабилната зграда се урна за време на градежните работи, се вели во соопштението на агенцијата.
„Ненадејниот настан предизвика градежен материјал да падне врз десетици ученици и работници“, рече портпаролот на агенцијата Абдул Мухари.
Тој додаде дека спасувачите користеле багер меѓу тешката механизација за отстранување на урнатините, додека речиси 80 повредени лица биле однесени во болница.
Снимките од телевизијата КомпасТВ ги прикажуваат семејствата на учениците собрани околу бела табла на која се наведени преживеаните.
Агенцијата соопшти дека темелите на зградата наводно не можеле да ја издржат тежината на градежните работи на четвртиот кат.
фото: принтскрин
Свет
(Фото) Голем портрет од Нетанјаху и Трамп на плажа во Тел Авив: израелскиот премиер како Пинокио

Израелските демонстранти ја искористија средбата меѓу Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа за да испратат порака од плажа во Тел Авив, недалеку од американската амбасада. Тие нацртаа голем портрет од двајцата лидери на песок.
Цртежот ги прикажуваше Трамп и Нетанјаху лице в лице, а Нетанјаху нацртан со издолжен нос, како Пинокио.
Под него беше напишано: „Немојте повторно да се излажете“. Инсталацијата ја организираа активисти и семејства на затвореници. Ова не е прв пат вакви пораки да се појават на плажите во Тел Авив. Тие станаа еден вид симбол на отпор кон владата на Нетанјаху.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: Ослободивме повеќе од 174 квадратни километри од Украина

Украина повторно освои повеќе од 170 квадратни километри територија во близина на источниот град Добропил во неодамнешните контраофанзиви, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„До денес, нашите сили ослободија повеќе од 174 квадратни километри од почетокот на операцијата, а повеќе од 194 квадратни километри се исчистени од руски саботажни групи“, рече Зеленски во видео обраќање во вечерта.
Тој рече дека руските сили изгубиле речиси 3.200 војници во операцијата. Зеленски призна дека украинските сили се соочуваат со тешки услови на неколку делови од фронтот, вклучувајќи ја и областа во близина на Купјанск во граничниот регион Харков и во областите помеѓу Донецк и Дњепропетровск.
На почетокот на август, руските сили неочекувано ја пробија фронтовската линија источно од Добропил, напредувајќи речиси 20 километри, но беа делумно потиснати откако беа испратени украински резервисти.
Сепак, украинските воени аналитичари прикажаа помалку оптимистичка слика од владата во Киев. Украина се брани од руска инвазија повеќе од три и пол години.
фото: принтскрин