Свет
Северна Кореја погодена од вештачки земјотрес поради експлозија

Тремор од 2,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Северна Кореја, но властите велат дека може да е резултат на експлозија во рудник, пренесува „Кореја тајмс“.
Корејската метеоролошка администрација (КМА) соопшти дека умерениот земјотрес од 2,1 степени по Рихтер е всушност „вештачка” сеизмичка активност, за која се претпоставува дека е резултат на експлозија во рудникот во рударскиот град Пјонганг.
„Епицентарот е измерен во близина на површината на земјата”, рече претставник на КМА.
Извештаите дојдоа откако беше откриена нова активност во фабриката за производство на првите интерконтинентални балистички ракети (ИБР) на Северна Кореја, кои можат да стигнат до САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од високите температури и силните ветрови, објавија властите.
Околу 400 луѓе беа раселени во и околу градот Каруседо, а уште 700 од неколку градови во близина на местото Лас Медулас, древен римски рудник за злато познат по своите спектакуларни црвени карпи и место на светското наследство на УНЕСКО.
Според шефот на регионалната влада, Алфонсо Мануека, неколку од овие пожари се предизвикани од криминални активности. „Ќе бидеме немилосрдни против сторителите на овие напади врз животот и безбедноста на луѓето, како и врз нашето историско и природно наследство“, напиша тој на Икс.
Шумски пожари ги погодија и регионите Галиција (северозапад) и Навара (север). Шпанија е на удар на топлотен бран кој влегува во својата втора недела, со температури кои достигнуваат речиси 40°C во многу региони, а се очекува топлотниот бран да трае најмалку до четврток. Цивилната заштита издаде предупредување за шумски пожари низ целата земја, со висок до екстремен ризик.
фото: принтскрин
Свет
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.
Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.
Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.
Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.