Свет
Северна Кореја: САД треба да си ја држат устата затворена доколку сакаат успешни избори
Северна Кореја соопшти дека Вашингтон не смее да се меша во меѓукорејските прашања ако сака да одржи успешни претседателски избори кога САД изразија жалење поради нејзината одлука за прекинување на врските со Јужна Кореја.
Во изјавата издадена од официјалната новинска агенција на Северна Кореја, КЦНА, висок официјален претставник на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги опиша изјавите на Вашингтон како дегутантни и двојна игра.
Американците треба да си ја држат устата затворена и да се занимаваат првенствено со внатрешните работи ако сакаат успешно да ги одржат претседателските избори, рече Квон Јонг Гун, генерален директор на одделот за американски прашања во Министерството.
Изјавата следуваше кога американскиот Стејт департмент соопшти дека е разочаран од одлуката на Северна Кореја да ги прекине комуникациските врски со Јужна Кореја.
„Ако САД го ставаат носот во туѓи прашања со невнимателни изјави наместо да се занимаваат со внатрешни работи во време кога нивната политичка состојба е во најлоша конфузија досега, тие би можеле да се соочат со непријатности со кои ќе биде тешко да се справат“, рече Квон Јонг Гун во коментар пренесен од КЦНА.
Заканата од Северна Кореја е упатена два дена пред втората годишнина од историскиот самит меѓу лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, и американскиот претседател Трамп во Сингапур.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

